260 работници на улица, им ги ветиле платите, а сега немааат ниту вода за пиење, санитарните чворови се нула, ХТЗ опрема недостасува, клучот е кај Премиерот (Видео)

 Breaking News

260 работници на улица, им ги ветиле платите, а сега немааат ниту вода за пиење, санитарните чворови се нула, ХТЗ опрема недостасува, клучот е кај Премиерот (Видео)

260 работници на улица, им ги ветиле платите, а сега немааат ниту вода за пиење, санитарните чворови се нула, ХТЗ опрема недостасува, клучот е кај Премиерот (Видео)
February 09
10:21 2018

Вработените во прилепскиот загубар Еурокомпозит 11 Октомври одново излегуваат на штрајк. Неисплатената ветена плата за 2018 година, од која се исплатени само 5000 денари линеарно, неисплатените придонеси од месец јули 2012 година и околу 14 плати, се причина за штрајкот.

Се собравме да искажеме револт спрема директорите и нивното раководство заради неиспочитување на неколку точки. Прво што неипочитува беше ветената плата за 2018 година и ни испшлати само по пет илјади денари линеарно, немање на договори, непочитување на синдикатот.

Од неговто доаѓање во фирмата нема потпишано никакви договори и ништо конкретно не се случува- рече синдикалниот претседател Роберт Богданоски, а пренесеува “Алфа ТВ”.

Богданоски додаде и дека ниту состанокот со премиерот Заев на 24.10.2017 година не вродил со плод и покрај ветувањето кое било дадено дека состојбите во оваа компанија ќе се средат.

Поради тоа во наредните денови околу 260 вработени ќе го изразат својот револт со штрајкови и блокирање на патишта, а не се исклучува можноста да штрајкуваат и пред Владата во Скопје.

Претседателот на синдикатот истакна и дека компанијата повеќе од 10 дена нема вода, нема суровини, а и тие суровини кои се набавени се без никаква декларација.

Од Заев синдикатот и вработените на последниот состанок добиле ветување дека проблемите во компанијата ќе се средат до Нова година, но ветувањата сега се чини целосно испарија.

Вработените во оваа компанија се соочуваат со тешка беспарица и едвај крпат крај со крај.

Претходно ветување за средување на состојбите и редовни примања добиваа и од вице премиерот Кочо Анѓушев, но до ден денеска не е помрднато ниту со прст за семејствата на 260 вработени во оваа прилепска компанија.

ПОСЛЕ 6 МЕСЕЦИ ОД ДОАЃАЊЕТО НА НОВОТО РАКОВОДСТВО, СОСТОЈБАТА ВО ЕУРОКОМПОЗИТ ВООПШТО НЕ СЕ ПОДОБРИ!

Коментари

Коментари

Related Articles