Ахмети: Името да се смени без референдум, ако не се промени може да има нови граници на Балканот

 Breaking News

Ахмети: Името да се смени без референдум, ако не се промени може да има нови граници на Балканот

Ахмети: Името да се смени без референдум, ако не се промени може да има нови граници на Балканот
January 29
18:52 2018

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ предлага прашањето за името да се реши според моделот на Договорот за добрососедство со Бугарија, со консензус меѓу двете влади и со ратификација во двата парламенти, пренесува македонската државна новинска агенција МИА.

– Најдобар начин за затворање на ова прашање е моделот на Договорот за добрососедство меѓу Скопје и Софија, преку консензус меѓу двете влади, а потоа ратификација во двете собранија – вели Ахмети во интервјуто со наслов „Решение сега, без референдум“, објаснувајќи дека владата и опозицијата имаат историска одговорност да постигнат решение и да ги одведат граѓаните и земјата во НАТО и во Европската Унија.

Ахмети наведува дека владата ќе преговара за да се постигне договор, а не само за да преговара, нагласувајќи дека „подобро време од сега не постои“ за решавање на спорот.

Околу предлозите на медијаторот Метју Нимиц, лидерот на ДУИ вели дека владата заедно со опозицијата ги разгледува и се обидува да има позитивен и конструктивен пристап.

Тој објаснува дека терминот „Македонија“ бил дел од предлозите и во 2008 во Букурешт, но и во 2011 година, во рамките на предлогот „Република Северна Македонија“.

– Терминот „Македонија“ во името на нашата земја не претставува закана за територијалниот интегритет и суверенитет на Грција – вели Ахмети за „Катимерини“.

Тој предупредува дека не решавањето на проблемот може да ги отвори старите ставови за нови граници на Балканот.

„Ако овој спор не се реши работите може да бидат многу лоши. Кога работите одат на лошо за нас, тоа секако ќе има последици и за Атина и со тоа може да се негуваат стари амбиции на различни кругови со архаични ставови за поделба, за нови граници на Балканот. Сметам дека ова е многу опасно за сите нас во целост“, објаснува лидерот на ДУИ.

Во врска со прашањето колку е можен политички консензус во Македонија за прашањето за името, Ахмети го критикува претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, а за опозицијата вели дека поддржува решение на проблемот.

– Господинот Иванов испушти одлична можност за да ја подобри неговата слика кај албанската заедница, оставајќи и негов белег во завршувањето на регулативниот дел на Охридскиот договор.

Тој одбра да остане на патот на законитоста заглавена на линиите од партијата.

Јас очекувам да нема ист пристап и за толку сериозното и долгогодишно прашање за името – вели лидерот на ДУИ во интервјуто за Катимерини.

Коментари

Коментари

Related Articles