Ако Иванов стави вето, Груби најави повторно гласање – ќе има двојазични банкноти, униформи, јарболи и документи на албански јазик, ова е законот

 Breaking News

Ако Иванов стави вето, Груби најави повторно гласање – ќе има двојазични банкноти, униформи, јарболи и документи на албански јазик, ова е законот

Ако Иванов стави вето, Груби најави повторно гласање – ќе има двојазични банкноти, униформи, јарболи и документи на албански јазик, ова е законот
January 11
13:20 2018

По 15 години од Рамковниот договор, денес го заокруживме норматовниот дел од мировниот договор со кој заврши војната во 2001 година, изјави Артан Груби од ДУИ откако Собранието го усвои новиот закон за јазици.

– Сега останува имплементацијата на овој закон, со кој ќе добие Македонија, кохезивно општество и ќе се затворат многу теми – рече Груби.

Ако претседателот Ѓорге Иванов не го потпише указот на законот, Груби најави дека тој ќе се врати во парламентот и пак ќе биде изгласан.

Закон за јазици кој беше усвоен денеска предвидува во сите органи на државната власт како централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања, службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото писмо, да биде и албанскиот јазик.

Освен на македонски, веб-страниците на институциите треба да бидат и на албански јазик.

Називите на институциите како и сите други институции и нивните подрачни единици во единиците на локалната самоуправа во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и во Скопје, ќе бидат напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на албански јазик.

Називите ќе бидат со иста големина и фонт, при што називот на македонски јазик и писмо ќе биде напишан прв.

Книжните и кованите пари, како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и на албански јазик.

Истото важи и за поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи издадени од институциите, фактурите, бандеролите.

Униформите на полицијата, пожарникарството и здравството во Скопје и во општините каде живеат 20% Албанци, исто така ќе бидат двојазични.

Во судските, управните, извршните постапки, постапка за извршување на санкции, предистражни и истражни постапки, кривични и прекршочни постапки, парнични и вонпарнични постапки, како и другите постапки пред судовите, јавните обвинителства како и сите други органи, тела и институции, се применуваат македонскиот јазик и албанскиот јазик.

Во постапките пред нотар, нотарските исправи и заверки ќе се издаваат на македонски јазик и на албански јазик.

На граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот помалку од 20% од граѓаните на Република Македонија, образецот на личната карта и пасошот се печатат и на јазикот и писмото што го користи граѓанинот.

Име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект во сите единици на локалната самоуправа каде што најмалку 20% од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот јазик, како и во Скопје ќе се пишуваaт на македонски и на албански јазик.

Коментари

Коментари

Related Articles