Анкета: Што мислите за Никола Груевски, што ќе се случи во недела..? (видео)

 Breaking News

Анкета: Што мислите за Никола Груевски, што ќе се случи во недела..? (видео)

Анкета: Што мислите за Никола Груевски, што ќе се случи во недела..? (видео)
October 26
11:43 2017

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои што во понеделникот присуствуваа на свечената академија во Штип, по повод празникот 23 Октомври дадоа поддршка за претседателот на партијата, Никола Груевски. 

„Таков лидер како Груевски со години да бараме нема да најдеме“, „ВМРО-ДПМНЕ примаше сдсмовци и затоа ги загуби изборите“, „Груевски е најдобриот лидер што може да постои“ – беа дел од ставовите на присутните членови. 

Тие не одговорија на прашањето дали врвот на партијата ќе поднесе одговорност за изборните резултатите од првиот круг на локалните избори, а скоро сите беа убедени дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во вториот круг во Штип. 

Груевски во својот говор најави дека ќе продолжи со борбата и дека никој не може да го скрши. 

Тој ги повика да му се приклучат сите скептици, како и оние што подлегнале на пропагандата.

Во недела е вториот изборен круг, дали Илчо Захариев ќе е старо-нов градоначалник на Штип, останува да видиме.

Погледнете ја видео анкетата во продолжение:

Коментари

Коментари

Related Articles