Борис Дамовски со порака до судот: Извадете ме од оваа мувла! Здравјето на луѓето таму е доведено во прашање! (фото)

 Breaking News

Борис Дамовски со порака до судот: Извадете ме од оваа мувла! Здравјето на луѓето таму е доведено во прашање! (фото)

Борис Дамовски со порака до судот: Извадете ме од оваа мувла! Здравјето на луѓето таму е доведено во прашање! (фото)
February 19
18:00 2018

Би ви препорачал само 24 часа да дојдете и да поминете во притворот во Истражниот затвор во Шутка. Да ја видите таа мувла, да погазите малку на бетонскиот под, за тоалетот да не ви кажувам…

Тоа не се дамки од мувла, тоа се огромни петна по ѕидовите.

Здравјето на луѓето таму е доведено во прашање, ги повика судиите и обвинителите притвореникот Борис Дамовски, еден од осомничените за настаните лани на 27 април во Собранието, објави мкд.мк

На денешната јавна седница на Апелацискиот суд во Скопје се разгледуваше жалбата на одбраната на Дамовски на решението на Основниот суд Скопје 1 за продолжување на притворот.

Одбраната на Дамовски апелираше на почитување на одредбите од Европската конвенција за човекови права, на правото на слободата нa изразување и на загарантираното право на протест.

Одбраната уште еднаш потенцира дека сите законски услови за одредување притвор веќе се неважечки, затоа што осомничениот ниту може веќе да влијае на сведоците, затоа што наводното дело е сторено лани во април, а Борис Дамовски и натаму е во државата и никогаш не помислувал да избега.

Одбраната понуди одземање на пасош или некаква друга гаранција за одредување куќен притвор.

Во своето излагање пред апелациските судии Борис Дамовски изрази несогласување со образложението на обвинителството дека станува збор за некаков политички мотив во неговите наводни дела и рече дека единствениот мотив бил одбраната на суверенитетот и унитарниот карактер на Македонија.

Второстепениот суд во најкус можен рок треба да донесе одлука дали ќе ја прифати жалбата на осомничениот Борис Дамовски да му ја укине мерката притвор и да му определи поблага мерка за определување на присуство во текот на истрагата или ќе ја потврди одлуката на првостепениот суд.

Борис Дамовски во судницата беше донесен со лисици, во придружба на шест полицајци и со две полициски комбиња.

Досега Апелацискиот суд ги одби жалбите на сите осомничени, освен на оперскиот пејач Игор Дурловски.

Сите бараат да им биде укината мерката притвор и да им биде определена поблага мерка за обезбедување на присуство на осомничените за настаните во Собранието. Извор и фото: мкд.мк

Коментари

Коментари

Related Articles