Делови од Македонија непроодни и без струја, ресенски и кичевски села се без електрична енергија, охридско и струшко, а Дебарца е отсечена (фото)

 Breaking News

Делови од Македонија непроодни и без струја, ресенски и кичевски села се без електрична енергија, охридско и струшко, а Дебарца е отсечена (фото)

Делови од Македонија непроодни и без струја, ресенски и кичевски села се без електрична енергија, охридско и струшко, а Дебарца е отсечена (фото)
February 15
12:20 2018

Поради дефект на мрежата за електро снабдување овие се сите села во Кичевскиот регион кои моментално уште се без електрична енергија.

Белица, Другово, Козица, Лавчани, Добреноец;
Карбуница, Бигор Доленци;

Лисичани, Челопеци, Вранешница;
Туин, Бериково, Паградиште;
Пласница, Преглово..

Од ЕВН известуваат дека активно се работи на терен и што е можно побрзо ќе биде санкциониран дефектот. Извор: ЦУК.

Југозападна Македонија непроодна од снегот од 10 сантимери кој во февруари ја „изненадена“ Македонија пат и владата. Ресен и ресенско се отсечени скоро 24 часа од остатокот на државаата. Снегот искорнал неколку бандери од системот за дистрибуција на електрична, по што ресенските села се оставени повеќе од 20 часа без електрична енергија, а самиот град е повеќе од 8 часа без струја.

Од снимките кои дојдоа до нашата редакција се гледа дека Македонија во текот на ноќта го нема чистено влезовите на Ресен од двете страни на градот. Локалната самоуправа ги нема исчистено улиците и еден ден по врнежите, а граѓаните возат по коловози со снег.

Информации од терен говорат дека селата во ресенско се без струја поради паднат далекувод на МЕПСО, додека во градот прекин има поради паднати бандери. Екипи на претпријатието според наши информации сеуште не се излезени на терен. Жителите се исплашени дека без струја можат да останат и неколку дена.

Ресен вчера се повеќе наликува на град близу до северниот пол. Напојувањето со електрична енергија е прекината и во општина Дебарца и во реканскиот регион.

„Во општина Кавадарци, Македонија пат интервенира со механизација. Помали одрони евидентирани се на патот кон с.Фариш и месноста Катуниште. Патниот правец кој води кон селата Танушевци, Малино и Брест во Скопскиот регион е непрооден и истите населени места од утрово се без електрична енергија.“

Камионите да не тргаат на пат кон Струга и Ќафасан, а забрана има кон Маворово Дебар. Од УХМР измериле дека овој феруари за разлика од ланскиот водосотсјот на сите реки е зголемен, а се следи ситуацијата од можни излевања.

Снегот кој во нашиот регион го има во изобилство, создаде многу проблеми. Така поради високата снежна покривка неепроодни се патиштата до селата Душогубица, Малкоец, Иванчишта, Кладник, Рабетино, Светорача, Дупјани, Козичино и Птеец, а без електрично напојување се селата Козица, Свињишта Белица, Прострање, Цер, Црско, Кладник и Видрани.

Со немање на електрична струја се соочуваат и поголемиот дел од селата во Порече. Прекинот е настанат поради паѓање на електрични столбови а лепливиот снег ги надвисна гранките врз електричната мрежа, што создаде дополнителни проблеми. Имаме информации дека екипи од ЕВН и екипи на комуналното претпријатие за расчистување на патиштата се излезени на терен и до крајот на денот треба да се очекува нормализирање на состојбите како со патиштата така и на електричната струја- информира Драгољуб Попоски од ДЗС, подрално оделение Кичево.

Коментари

Коментари

Related Articles