Детали: Пронајдена мртва девојка во тоалетот во „Сити Мол“, познат идентитетот на жртвата

 Breaking News

Детали: Пронајдена мртва девојка во тоалетот во „Сити Мол“, познат идентитетот на жртвата

Детали: Пронајдена мртва девојка во тоалетот во „Сити Мол“, познат идентитетот на жртвата
February 02
10:09 2018

Млада девојка на возраст од околу 25-30 години вчера била пронајдена мртва во тоалетот на Скопје Сити Мол, а причината за тоа ќе ја утрврди обдукцијата на крим техниката од МВР.
Очевидци говорат дека екипите на МВР и крим техника веднаш излегле на терен.

По налог на обвинител, телото е предадено на обдукција.

Од МВР го потврдуваат случајот. Околу 19 часот и 30 минути синоќа, во Единицата за информации и команда Скопје, Д.С. пријавила дека од страна на обезбедувањето на трговски центар во Скопје, во тоалетите на приземје од објектот, било пронајдено починато женско лице.

Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош.

Се работи за 30-годишната А.М.од Скопје чие тело по наредба на јавен обвинителбило предадено за обдукција.

Коментари

Коментари

Related Articles