Директорот на „25 Мај“ си поднесе оставка, но дали ќе има одговорност за злоставувањето на девојчето?

 Breaking News

Директорот на „25 Мај“ си поднесе оставка, но дали ќе има одговорност за злоставувањето на девојчето?

Директорот на „25 Мај“ си поднесе оставка, но дали ќе има одговорност за злоставувањето на девојчето?
February 19
13:37 2018

Директорот на Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми „25 Мај“, Стевчо Соколовски денеска поднесе оставка од морални причини откако во јавноста беше обеледенето дека било злоставувано девојче од оваа Установа, соопшти Министерството за труд и социјална политика, јавува 24 вести.

Комисијата што ја формира Министерството за труд и социјална политика продолжува да го испитува случајот и веќе утврдила дека стручните служби и назначениот старател во неколку наврати ги алармирале надлежните институции за можна сексуална експлоатација на тринаесетгодишната штитеничка.

„Сега се истражуваат сите останати елементи за можно непостапување од страна на претходниот назначен старател на детето“, соопштуваат од Министерството.

Од Обвинителството се уште нема одговор дали има отворено постапка за овој случај. И Министерството за труд и социјала очекува и од МВР и од Обвинителството да преземат мерки со цел да се пронајдат и санкционираат лицата коишто ја злоупотребувале малолетната жртва, пишува 24 вести.

Коментари

Коментари

Related Articles