ФОТО: Протести пред собранието против НАТО, се рушат бандери, огромно присуство на полиција, Столтенберг држи говор пред пратениците

 Breaking News

ФОТО: Протести пред собранието против НАТО, се рушат бандери, огромно присуство на полиција, Столтенберг држи говор пред пратениците

ФОТО: Протести пред собранието против НАТО, се рушат бандери, огромно присуство на полиција, Столтенберг држи говор пред пратениците
January 18
11:29 2018

Под силно полициско обезбедување, претпладнево пред Собранието се одржа протест на кој граѓаните го изразија своето незадоволство од постапките на НАТО, во пресрет на обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред пратениците.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера и денес присуствува во Скопје каде се сретна со високи владини и државни претставници, а денес ќе се обрати пред пратениците во Собранието на Р.Македонија.

Претседателот Иванов го повика Столтенберг НАТО што побрзо да го отвори патот кон зачленување на НАТО, потенцирајќи ја неприцнипиелноста на меѓународната организација кога станува збор за Македонија.

Граѓаните кои протестираат пред Собранието не се согласуваат со членството во НАТО и промена на името поради членство во било која друга меѓународна институција.

Претходно Солза Грчева преку Фејсбук повика на протест за како што напиша, да кажеме дека имаме едно име – Република Македонија.

„Ги повикувам сите поддржувачи на Глас за Македонија, да ми се приклучат на протестите утре во 11 часот пред Собрание. Ова е дел од поширока иницијатива. Јасно да кажеме дека имаме едно име: Република Македонија. Таму ќе има луѓе од различни идеолошки опции, но заедничко ни е што сакаме да си го одбраниме името и достоинството на македонскиот народ. Затоа, ГЛАСно за Македонија!“, напиша Грчева на својата официјална фејсбук страница.

На денешниот протест пред парламентот учествуваат и членови и приврзаници на политичката партија „Левица“ кои сметаат дека е потребно решавање на суштинските проблеми на земјата, сиромаштијата и невработеноста, а не замајување на народот со лажни приоритети, како зачленувањето во НАТО.

„НАТО е воен пакт, реликт од студената војна, а не безбедносен сојуз како што милуваат да го нарекуваат апологетите овој воен пакт“, истакнуваат од „Левица“.

Инаку, „Левица“ која отворено е против членството во НАТО, минатата година се спротистави на одржувањето на воената вежба на американските војници „Драгон Гардијан 2017“ во земјава. Четворица демонстранти од „Левица“ беа приведени па пуштени откако истакнаа транспарент на кој пишуваше „Против војна за профити“ за време на презентацијата на опремата на АРМ и на Армијата на САД во центарот на Скопје.

Коментари

Коментари

Related Articles