Илјадниците амандмани за законот за јазици да се преведат на албански јазик за да можат сите пратеници да ги разберат

 Breaking News

Илјадниците амандмани за законот за јазици да се преведат на албански јазик за да можат сите пратеници да ги разберат

Илјадниците амандмани за законот за јазици да се преведат на албански јазик за да можат сите пратеници да ги разберат
January 29
18:58 2018

Собранието го утврди дневниот ред на 32 седница и како осма точка го стави Законот за употреба на јазиците. На дневниот ред, и покрај најавите, не беше ставена точката за избор на потпретседател на Парламентот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ги прочита точките на дневниот ред и пред да се гласа пратеникот Антонио Милошоски се јави процедурално и побара пауза за да им се достави дневниот ред испечатен, но Џафери не даде пауза со образложение дека дневниот ред ќе им биде поделен во текот на седницата.

Џафери рече дека точката на дневниот ред која се однесуваше на избор на потпретседатели на Собранието е повлечена, за која претходно пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ обвини дека со ставањето на точката по скратена постапка се силува демократијата и обид да му се обезбедат на Џафери заменици за долгата дебата.

Мнозинството не го поддржа ниту барањето на опозицијата да се тргнат од дневен ред измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се присутни на собраниската седница, но Законот за јазиците кој требаше да биде прва точка на дневен ред е поместен подолу бидејќи според неофицијалните информации, не се преведени на албански јазик сите амандмани кои ги поднесе опозицијата.

Според Деловникот, поднесените амандмани ќе бидат разгледувани само на пленарна седница.

Предлагачот ќе има три минути да ги образложи и амандманот ќе може да се гласа. За да биде донесен потребно е 61 глас. Координаторите на пратеничките групи имаат право и на процедурална забелешка од три минути.

Затоа се проценува дека за да се разгледаат сите амандмани, на пратениците ќе им бидат потребни неколку месеци.

Амандманите следуваат откако претходно претседателот Ѓорге Иванов не го потпиша указот и го врати Законот во Собрание. Во саботата во 16 часот истече рокот за поднесување амандмани за овој закон, а добар дел амандмани поднесени претходниот ден завршија во контејнерите зад Законодавниот дом.

Коментари

Коментари

Related Articles