Има богатство од 20,9 билиони долари, a се што му е потребно е – девојка!

 Breaking News

Има богатство од 20,9 билиони долари, a се што му е потребно е – девојка!

Има богатство од 20,9 билиони долари, a се што му е потребно е – девојка!
February 18
16:39 2018

Мулти-милионерот, кој е сопственик на Тесла и има свој автомобил од брендот Тесла, вселенски бродови, пет куќи и многу познати пријатели, сака само девојка.

Тој бил венчан три пати, два пати за иста жена, а исто така излегувал и со Ембер Хрд и Камерон Дијаз, но ниту една од тие врски не опстанале.

46-годишниот милионер, кој има голем пансион во Бел Аир, Лос Анџелес и има неверојатен автомобил од Лотус, вели дека сака да го сподели своето богатство со некого.

„Ако не сум заљубен, ако не сум во некоја цврста врска, јас не можам да бидам среќен“, вели Илон Маск.

„Јас никогаш нема да бидам среќен ако немам никого. Помислата да одам да спијам сам, ме убива. Не е убаво чувството да си сам во голема празна куќа“, додава тој.

Тој вели дека ги прочитал сите 32,000 страни на Енциклопедијата Британика на само 12 години и го потрошил своето време на експерименти.

Маск ја запознал својата прва жена, авторката Џастин Вилсон во Онтарио.

Втората своја жена, актерката Тулала Рајли ја запознал во 2008 година, а со неа се венчал во 2010, па се развел две години подоцна, но по една година повторно се венчале и на крајот целата драма ја завршиле со уште еден развод.

Коментари

Коментари

Related Articles