Колумна на Мирка Велиновска: Чекајќи го Трамп и Груевски!

 Breaking News

Колумна на Мирка Велиновска: Чекајќи го Трамп и Груевски!

Колумна на Мирка Велиновска: Чекајќи го Трамп и Груевски!
January 22
19:10 2018

За неделнава колумна ми се поклопија симболично некако Водици и устоличувањето на 45. американски претседател, Доналд Трамп. Велам симболично во смисла на масовно скокање во грч студена вода за божји благослов во здравјето, среќата и благосостојбата. Скокаат најхрабрите, ентузијастите и посветените. Плус Ерван Фуере кој не рипа по крстот, туку ден подоцна за бурето. Полно. Останaтите во најдобра смисла си се кибицери кои ќе се задоволат со по едно шишенце осветена вода. И јас сум дел од оваа кибицерска заедница, качена на стратешката кота на сегашноста од која имам неверојатен поглед на непосредното минато и блиската иднина.

Па, така, пак го здогледав разговорот со Миленко во неговата емисија по финансискиот крах во 2008 година и по настапот на Владимир Путин во Минхен 2009 кога го најави враќањето на Русија на светската сцена како глобален играч. Тогаш го најавив времето на драматични светски промени оти тоа секогаш се случува кога живиот свет се соочува со големи кризи кои го доведуваат во опасност опстанокот на секој од видовите. Знам дека го цитирав и Алберт Ајнштајн, кој крајно едноставно го соопшти она што секој умен човек го знае од искуство или го чувствува инстинктивно. Значи, секоја голема криза служи како чкрапец за ослободување интелектуално-креативна енергија која доведува до квантни скокови за самоспас или еволутивни длабоки промени и трансформации.

Оттука лесно беше да се „предвиди“ дека политичкото, економското, филозофското и социјалното уредување, кое беше наше секојдневие, бргу ќе колабира и минувајќи низ период на хаос или лимбо-фаза, ќе се трансформира во нешто сосема ново. За заљубениците во статичноста, времето на радикални промени е ужасна перспектива. За плашливците такво нешто е исто што и вест за нивната смртност, а за сите видови предатори, стрвинари и профитерски гангстери – тоа е терористички напад врз нивната благосостојба. Жртвите на перцепцијата создадена со континуираното пропагандно перење на мозоците дека САД се траен светски господар, не веруваа дека Америка брго ќе колабира, ќе ја загуби војната за доминација со човештвото.

Пол Волфовиц беше пророкот што на Обама му кажа јавно дека има само седум години време за да ја спаси империјата. Јас и малкумина ентузијасти (на пример, Џорџ Фридман) претчувствувавме дека тоа ќе се случи бргу, во нашето ограничено генерациско време и затоа сум многу радосна оти имаме ретка историска можност да ѕирнеме во иднината во која физички ќе н` нема. Секогаш го споредував тоа феноменолошки со итање кон центарот на црната дупка, а управувано од нејзината гравитациона сила.

И, ете, се случи. Тогаш со Миленко зборувавме и дека промените ќе ги донесат „самопрајски“ политички ликови кои не припаѓаат на постојните естаблишменти, па ги набројавме милијардерите, како сопственикот на „Вирџин“, главно индивидуи со свој нестандарден светоглед, а со кредибилност пред масите, разни маргиналци од светот на театарот, водителството, синдикалци. И ете ви ги победниците на УKИП, Доналд Трамп во САД, Пепе Грило во Италија, Марин Ле Пен во Франција и дузина други што се крчкаат во цела Европа.

Е, сега, чекајќи го Трамп, си се испрашувам критички, како беше можно на онолку експерти, академици, доктори на науки, филозофи, аналитичари и политички „метеоролози“ (прогнозери, де) во евро-атлантската хемисфера никој да не види какво цунами надоаѓа? Или можеби навистина сите си припаѓале на утврдениот светски естаблишмент и воспоставената „мека диктатура на либералната демократија“.

Лошата вест за сите нив е дека Доналд Трамп на 20 јануари 2017 ќе биде прогласен за претседател на народна република, ама по кралски протокол. Вашингтон ќе биде во тој момент центар на светското внимание. Зошто?

Па затоа што надворешната политика на перманентните „режим чејнџинг“ операции што ја водеше САД од крајот на Втората светска војна до денес преку ЦИА и Пентагон фино лепо си се врати конечно дома. Оти с` друго смени. Таму, на местото на сите злостори, ќе се судрат приврзаниците и следбениците на „дип стејт“ и слободните луѓе што веруваат во самоодржлива држава, во правото на избор, слободи, работнички права. Откачувам од ќеф кога го гледам самракот на картонскиот Холивуд и неговите „ѕвезди“, крајот на божемните ТВ-политички комендијанти. Ги гледам тажните збогувања на црпнатиот Обама со јавноста и неговите глупави пораки.

Личи на капетан на брод кој тоне, а тој, како банкрот политичар, пишува историски тестамент за распределба на пусти зборови и фини фрази. Човекот кој во осум години владеење почна седум војни и изврши неколку десетици преврати на сите континенти со помош на ЦИА, за крај на неговото време ни порачува дека не било етички, било спротивно на темелниот американски принцип на кој било начин да се тормозат малите држави. Што не кажа порано, бе брат!

За да те прашаат жртвите на секакви мачења, уцени и закани на американските „дипломатски“ претставништва за кој мој ги правеа сите срања? Или можеби оној дрзок насилник Џо Бајден, кој на Никола Груевски во присуство на своите соработници среде Вашингтон му се заканувал со сенешто ако не го даде името на државата и народот, си дејствувал на своја рака.

Деновиве само повремено погледнувам што се случува во Македонија и во блиското ни соседство како рецидив на тековните и уште поочекувани светски промени кои нема да го одминат регионот. Не дека не ме интересира, ами, напротив, дека знам што н` очекува. Во таа смисла не сум изненадена како Трајко Вељановски од „потегот“ на Kата „специјале“ да го батали „Пуч“.

Прво, зашто не е оригинален и, второ, зашто е реприза на големото уво во изведба на „дип стејт“ или ЦИА. На ист начин, по 2001 година, Kарла дел Понте, тогашната Kата и евро-атлантска Бијонсе на ад хок хашкиот трибунал, го откачи случајот на злосторствата на раководството на ОНА во Македонија и ~ го утрапи на Македонија со упатство што дојде од силеџиите на ЕУ и САД – киднаперите, убијците, резбарите на човечки кожи, терористите на УЧK да не се пипаат, ами, напротив, да се амнестираат за воените злостори и злосторите против човештвото.

Не сум изненадена ни од мекиот дипломатски јазик на Никола Поповски со кој општи со „цивилизираниот“ силеџиски дипломатски кор на служба во Македонија, со бриселските лобистички и бирократски силеџии, инаку регионални корисни идиоти и марионети пошто ние овде тешко се ослободуваме од навиките и стекнатите Павлови рефлекси со помош на дресери.

Ви реков дека набргу пак ќе одиме на избори, ама организирани од нас, народот на Македонија. Во генералка од корен ќе си ја исчистиме државата од Kати, Фрчковци, Геротини и секакви инсталати интервенционистички. Ич да немате гајле. Лидери не се раѓаат или прават со политички инженеринг. Сами се појавуваат, а народот веднаш ги препознава инстинктивно. Затоа, и покрај сите обиди на губитниците да остават загаден ГМО-мицељ во мрачните подруми и да дејствува и понатаму на далечинска команда, операцијата нема да им успее.

Не ги жалам, ама ич. Напротив, со душа чекам заевистичката секта и Соросовите пропагнадистичко-терористички орди да ја залапаат јадицата на членот на пропаднатата „дип стејт“ или ЦИА, Стивен Маер (бивш заменик-директор), за организирање балканска конференција за прекројување на границите со цел да се извлече креаторот САД од неуспехот во БиХ и Kосово. ООН ќе ги делеле со победникот Србија.

Македонија на конференцијата би била колатерална штета за поткусурување на Албанците. Е, сега, некој нека ми каже дали има во Македонија макар еден нормален човек кому уште не му е јасно за што всушност беа ангажирани оној морон Зоран Заев и неговото весело револуционерно друштво почнувајќи од пленумските востаници преку Верушевски и Рада до последниот „новинар“ и „невладин активист“ последниве две години.

Дечки во политиката и служби за општење со јавноста! Не н`жилавете веќе со вашите откритија за божемни скандали, за шокови состојби кои вие тукушто сте ги откриле или ве изненадиле. Времето се смени. Сите знаеме дека императорот е гол и мртов. Со него умре и „либералниот“ светски неофашистички или корпорациски поредок. На изумирање се неговите локални и регионални платени слуги кои веќе се покакани, та дури смрдат.

Во Британија, Германија и во Франција, исто како и во Македонија. Со декрет на мртвиот Обама американски специјалци ја окупираа Европа, ама џабе е! ЕУ е „савезно извршно веќе“ во погребаната СФРЈ. Полска како и Балтикот ќе нафркаат од глупост. Нема веќе СДСМ или Заев. Нема веќе чадор. Има расфрлани жици, искинато платно, скапана дршка и заглавен механизам за отворање и едночудо употребени локални мивки.

Значи, токсично ѓубре кое мора да се однесе во специјална депонија. Значи, мора да се расчисти со бомбите на Заев и нивното потекло. Со големоалбанските куротресини од платформи и соопштенија. Со лажната информација и причина за криза – половината милион фантомски гласачи, со личните карти што ги штанцале „дип стејт“ Чауш и неговиот партиски водач и побратим Заев. Нема повеќе ваденки за стриктно спроведување на законите, спроведување на Уставот, функционирање на институциите.

Време е за пресекување на Гордиевиот јазол со еден прецизен и снажен замав на мечот. На располагање ви се промена или дополнување на законите, проширување и прецизирање на ингеренциите на институциите, затвори, воспитни мерки, како губење на граѓанските права и конфискација на имотот, укинување апанажи, лустрирање, откорнување на калемените сливи во државната администрација, кадровска чистка во МНР, лиценцирање на професијата новинар, длабоки реформи во одбраната, во МВР и специјалните служби, во образованието и што уште не што ќе ~ обезбеди на Македонија самоодржливост.

Чекајќи ги устоличувањето на Трамп и новата функционална влада на Груевски, а во светлото на нивната сличност (обајцата не се миленици на американскиот естаблишмент и ЦИА, политичкиот приоритет го гледаат во отворањето нови работни места, а сакаат трансакциска политика), ви посакувам мобилност, присебност и повеќе верба во себе, ич во пропагандата на лажните водечки евро-атлантски медиуми кои тукушто со крици и лелеци испуштаат душа пропагандистичка.

Мирка Велиновска – Дневник

Коментари

Коментари

Related Articles