Љупчо Георгиевски се враќа во ВМРО-ДПМНЕ?

 Breaking News

Љупчо Георгиевски се враќа во ВМРО-ДПМНЕ?

Љупчо Георгиевски се враќа во ВМРО-ДПМНЕ?
February 20
11:02 2018

Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ веќе имало неколку начелни средби со Љубчо Георгиевски и членовите на неговата партија ВМРО-НП, на која се разговарало за можното враќање на старите вмровци во партијата, дознава МКД.МК.

Мицкоски најави измени во статутот на партијата и формирање на две нови партиски тела – совет на претседателот и совет на извршниот комитет, додека Георгевски на својот фејсбук-профил неодамна напиша дека Христијан Мицкоски има шанса да остави свој печат во ВМРО-ДПМНЕ.

„Христијан Мицкоски од сите имиња што беа кандидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, сепак е најнекомпромитиран, неизвалкан со афери, најенергичен и конечно најхаризматичен. Христијан има шанса да остави свој печат во ВМРО. Треба да му се даде шанса“, напиша Георгиевски.

Засега оваа информација не се демантира.

Коментари

Коментари

Related Articles