Менаџерката на Тоше прв пат по 10 години – Еве како изгледа и со што се занимава, но и што вели за прераната смрт на Тоше!

 Breaking News

Менаџерката на Тоше прв пат по 10 години – Еве како изгледа и со што се занимава, но и што вели за прераната смрт на Тоше!

Менаџерката на Тоше прв пат по 10 години – Еве како изгледа и со што се занимава, но и што вели за прераната смрт на Тоше!
January 01
11:41 2018

Од прераната и трагична смрт на Тоше Проески, неговата менаџерка Лилјана Петровиќ се повлече од јавноста и започна да се занимава со одгледување на лаванда.

Денес таа е една од најголемите плантажи на лаванда во регионот.

На повеќе од 30 хектари земја во околината на Ниш засадила 600.000 билки од оригинална француска лаванда, која се користи како подлога на сите парфеми.

По смртта на Тоше и нуделе да биде менаџерка на многу други пејачи, но таа секогаш одбивала со објаснување дека таа секогаш ќе биде само менаџерка на Тоше.

Поради тоа сите се изненадиле дека Лилјана по 10 години од смртта на Тоше ќе стане менаџерка на Амар Јашарспахиќ Жиле.

Личноста која на Фејсбук која веќе две години се претставувала како Лилјана Петровиќ освен што му нудела на Амар соработка и без негово знаење договарала гостувања во емисии на македонски телевизии, а заминала и толку далеку што комуницирала со сите познаници на Лилјана и со месеци давала лажни интервјуа. Дури  најавила и доаѓање во Сараево, а Лилјана сега прв пат по 10 години зборува за медиумите и ја објаснува оваа ситуација.

„Пред 10-на години кажав дека никогаш повеќе нема да бидам менаџер. Го изјавив тоа што го чувствував, а тие чувства не се промениле до денес. Тоше и јас заедно ги завршивме кариерите. За жал, тоа беше премногу рано. Не можам да разберам зошто некои поединци сакаат да ме претстават таква каква што не сум и без срам да го користат моето име и да шират лаги. Сакам да им кажам на сите дека немам профил на фејсбук и дека тој што постои е лажен.“

Таа открива и како изгледал нејзиниот живот во последните 10 години.

„Последните 10 години се трудам да научам како достоинствено да се спротиставам на својата тага, како да бидам подобар човек од претходно. Многу работам и се трудам моите дела да зборуваат за мене.“

Таа не можела да ја прифати смртта на Тоше. Тагата била голема, медиумите не поштеделе никого, па ниту Лилјана.

„Работејќи со Тоше сите тие години, научив да се спротиставам на лошите луѓе, со лагите кои не ме штедеа ниту тогаш. Разбирам дека болката е преголема, но не разбирам кога некој друг не почитува туѓа болка. Се чувствував како да се давам во море во кое сите те туркаат за да дојдат до здив. Страдањето и болката кои ги доживеав единствено не можам да ги споредам со страдањата на семејството, затоа што единствено нивната болка е поголема од мојата.“

Лилјана вели дека нема потреба да оди во Крушево.

„Јас Тоше го носам во срцето. Тие сеќавања и чувства се мои и немам потреба да ги делам, како што немам потреба да бидам гледана во Крушево.“

Таа откри и што планира за својата иднина.

„Поради различни шпекулации нема да зборувам за мојата работа. Сега су посветена на плантажите и многу работам на нив. А што ќе биде утре, никој не знае. Чудни се патиштата на Бог.“

Коментари

Коментари

Related Articles