МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (ФЕВРУАРИ 2018)

 Breaking News

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (ФЕВРУАРИ 2018)

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (ФЕВРУАРИ 2018)
February 02
23:58 2018

Овен (21.03.­21.04.)

Работа:Финансиската состојба може да се подобри ако започнете нов проект со помош на искусна Вага или Јарец. На почетокот на месецот, успех можат да доживеат уметниците, научниците, психолозите и лекарите.

Љубов:Исклучително интересно време за љубовниот живот, особено ако сте романтични и сакате комплицирани врски. Слободните Овнови ќе имаат средба со нови луѓе, која што може да премине во комплицирана врска, особено ако станува збор за колеги од работа. Средината на февруари носи хармонични односи со Шкорпии, Близнаци, Јарци.

Здравје:Бидете внимателни во сообраќајот.

Бик (21.04.­21.05)

Работа:Деловните односи со оние кои живеат во странство ќе бидат од големо значење. Во спроведувањето на вашите планови може да ве спречи Шкорпија или Јарец.

Љубов:Не треба да се оптеретувате со небити работи и критики, а во последно време ви е битно каков впечаток оставате во јавноста. Оние кои се емотивно поврзани со земјени знаци, особено со Јарци или Бикови можат да бидат смирени за нивната врска, бидејќи е стабилна.

Здравје:Можни вртоглавици.

Близнаци (22.05.­21.06.)

Работа: Од 01.02 до 10.02 ќе бидете под стрес, но не и помалку амбициозни. Неочекувана помош од Шкорпија или Јарец може многу да ви значи.

Љубов:Младите и амбициозни Близнаци кои сакаат да стапат во брак ќе бидат во можност да го сторат тоа. Целиот период е напорен за оние кои немаат многу трпение. Февруари може да донесе проблеми на оние кои се незадоволни со партнерот. Започнувањето флерт или паралелна врска, нема да биде мудар потег.

Здравје:Повреда на глуждот.

Рак (22.06.­22.07.)

Работа:Многумина ќе се одлучат да заминат во странство. На 6.02 бидете внимателни да не направите грешка, особено ако планирате да потпишувате документи, договори

Љубов: Вербата во љубовта е разнишана, особено ако минатата година сте доживеале разочарување. Се обидувате никој да не забележи како се чувствувате. Работите се прилично деморализирани, поради однесувањето на некој кој се занимава со уметност или често патува. Подготвени сте да влезете во врска со некој што не е слободен.

Здравје:Настинка.

Лав (23.07.­23.08.)

Работа:Во овој период Близнаците можат да имаат големо влијание врз вас, и веројатно ќе ве мотивираат во вашите амбиции. Бидете внимателни со парите.

Љубов:Некоја Вага ќе биде упорна да ве освои, а можеби и ќе успее. Неодлучни сте и не сакате да се соочите со проблемите поврзани со партнерот. Од 8.02. ќе бидете подготвени да обновите „невозможна„ врска со бившиот партнер.

Здравје:Болки во грло.

Девица (23.08.­22.09.)

Работа:Финансиската состојба ќе ви биде лоша. Највероватно ќе прифатите проект што ќе ви го понудат Рибите, Јарците или Шкорпиите.

Љубов: Ова може да биде многу романтичен период во кој ќе обрнувате внимание некому кој ви бил несимпатичен. Ќе добиете покана да се видите со атрактивна и популарна личност и таа покана ќе ја прифатите. Пазете се од тајните врски.

Здравје:Внимавајте на повреди.

Вага (23.09.­23.10.)

Работа:Од 05.02. уметниците и спортистите ќе бидат во центарот на вниманието. Вашиот професионализам ќе биде на голем тест. Бидете внимателни со Близнаци, Девици и Риби.

Љубов:Што помалку очекувате од партнерот или од себе, животот ќе ви биде полесен. Опции се пред вас, ќе имате можности да флертувате или да запознавате нови луѓе. Почетокот на месецот може да биде стресен.

Здравје:Болки во желудникот.

Шкорпија (23.10.­22.11.)

Работа: Ова е тежок период за вас. Ќе имате многу незавршена работа. Ќе добиете понуда за работа во богата компанија во која ќе напредувате многу брзо.

Љубов:Иако ова не е идеален период за вас, почетокот на февруари носи нови познанства, романтични состаноци. Можни се романтични врски со Девици, Риби или Бикови. Ќе бидете еден од најпопуларните знакови, особено ако сте познавач на уметноста или се среќавате со уметници.

Здравје:Внимавајте на сообраќајот

Стрелец (22.11.­21.12.)

Работа:Речиси се оди лесно во вашите раце, но ако работите во приватна компанија потребна е поголема иницијатива и издржливост. Оние кои имаат било какви неплатени сметки, треба итно да ги регулираат.

Љубов:Ако сте слободни, веројатно ќе успеете да освоите некој што го сакате долго време. Близанците, Биковите или Девиците ви ја загрозуваат слободата, што нема да ви одговара. Средовечните Стрелци ќе се однесуваат како адолесценти, што нема да им одговара на партнерите. Обидете се да избегнете тајни врски.

Здравје:Внимавајте на повреди.

Јарец (22.12.­20.01.)

Работа:Активни сте и подготвени да започнете нова работа. Ќе бидете отворени за секаков вид на соработка. Финансиската состојба ќе ви биде солидна.

Љубов:Почетокот на периодот ви носи можност да започнете врска со Бик или Вага. Риба, Овен или Шкорпија можат да покажат голем интерес за вас. Тешко ќе ги контролирате вашите емоции, особено за личноста која често патува. Можна е страсна љубовна врска со Лав, Девица или Шкорпија.

Здравје:Внимавајте на нозете.

Водолија (20.01.­19.02.)

Работа:Риба, Овен или Стрелец ќе ви помогнат и можеби треба да го прифатите нивниот совет, дури и ако не се сложувате. Од 10.02. имате можност за работа во странство

Љубов: До 2.02 ќе бидете фокусирани само на себе, на задоволствата и проблемите.
Можен е таен флерт со Лав. Во текот на целиот период, вашата главна опсесија ќе
биде потребата за лична слобода, без постојаниот партнер да осети кои се вашите
вистински потреби. Бидете внимателни.

Здравје:Пазете се од остри предмети

Риби (20.02.­20.03.)

Работа:Подгответе се за обемна работа која ќе ве исцрпи. Можна е понуда од странство, од германското говорно подрачје или од Блискиот исток.

Љубов:Од 2.02 ќе имате потреба од романтични чувства, интимност и љубов. Се обидувате да им оставите добар впечаток на оние со кои доаѓате во контакт секојдневно. Лав и Водолија сакаат да ви се мешаат во животот, но дури и во случај на добри намери, вашите проблеми решавајте ги сами.

Здравје:Повеќе одмор

Коментари

Коментари

Related Articles