Мистериозна сина комета оди кон земјата: Необичната трага која ја остава ги „хипнотизираше“ астрономите!

 Breaking News

January 11
11:16 2018

Кометата наречена PanSTARRS или C/2016 R2 ги вознемирува експертите кои забележаа необична трага.

Астрономскиот фотограф, Михаел Џегер на 6 јануари направи слики од кометата од својата база во Сент Освалд во Австрија.

Изгледа дека кометата е на чудна и хаотична траекторија надвор од орбиатата на Марс, а серија на слики споени во една покажуваат нешто необично.

„Направив 30 фотографии за 90 минути, а тоа ми помогна да направам убава анимација“, вели Џегер.

Сината трага која ја остава кометата е всушност резултат на големиот број на јонизиран јаглен моноксид кој се наоѓа во неа.

Кометата моментално се двиќи кон Земјата и максимално ќе се приближи на Сонцето во мај.

Астрономите Каспер Виркос и Марија Вомак од Универзитетот во Јужна Флорида користеле телексоп од 10 метри на планината Грахам за анализа на кометата.

Тие напишале дека кометата изгледа дека е богата со јаглен моноксид.

Ова е најверојатно и причината поради која кометата има чудни движења.

Коментари

Коментари

Related Articles