Мистериозна „врата од пеколот“ убива се што ќе и се приближи, а конечно е откриено зошто!

 Breaking News

Мистериозна „врата од пеколот“ убива се што ќе и се приближи, а конечно е откриено зошто!

Мистериозна „врата од пеколот“ убива се што ќе и се приближи, а конечно е откриено зошто!
February 20
21:49 2018

Објектот пронајден во близина на античкиот храм, кој се наоѓа во денешна Турција е наречен „врата на пеколот“ затоа што го убива секое животно кое ќе и се приближи.

Вратата се наоѓа на рушевините на античкиот град Хиераполис, а во древни времиња се користел за давање жртва на богот на подземјето Плутон. Кога ќе донеле бик или коза до него, тие умирале, но свештениците останувале живи.

„Таа е полна со магла, која е густа и едвај се гледа дното. Секое животно кое ќе влезе во неа веднаш умира. Кога пуштив врапче во неа, во истиот момент умре“, напишал старогрчкиот историчар Страбо.

Археолозите кои го истражувале Хиераполис и сами се убедиле во смртоносната појава, откако виделе како умираат птици.

Истражувучот на вулкани Харди Фанц од германски Дуисбург-Есен вели дека необичната појава е поради испарување на голема количина јаглерод диоксид, кое е предизвикано од сеизмичката активност во подземјето.

Мерењата покажале дека количината на јаглерод диоксид е најголема на висина од 40 цм од дното. Најголемата концентрација е измерена наутро, а би можела да убие човек во рок од една минута.

Коментари

Коментари

Related Articles