На работ на паранормалното – Во овој регион не работат часовниците, радио уредите…(Видео)

 Breaking News

На работ на паранормалното – Во овој регион не работат часовниците, радио уредите…(Видео)

На работ на паранормалното – Во овој регион не работат часовниците, радио уредите…(Видео)
January 06
12:51 2018

Овој регион всушност бил потопен со вода и голем број метеори се срушиле таму.

Овој дел спојува многу важни и познати места – Бермудскиот триаголник и пирамидите од Гиза и Хималаите. Често ја нарекуваат и „зона на тишината“, мистериозно место на планетата во која престануваат да функционираат часовниците и радио уредите, а навистина е едно место со најмногу аномалии на целата планета.

„Вонземската пустина“ се наоѓа на 2000 метри надморска височина, а таа е помистериозна отколку што може да се забележи и научниците немаат многу логични објаснувања.

Мистериозен железен обелиск кој е висок скоро 3 метри стои сам кој покажува кон мистериозен регион кој е лоциран на истата линија, а се поврзува со други места преполни со аномалии и славните египетски пирамиди. Иако зоната ја посетувале многу научници, сепак тие не можат да ги објаснат случувањата.

Името „зона на тишината“ не го добила поради недостаток на звук, туку поради феноменот во кој радио-брановите не може правилно да се дистрибуираат. За да комуницирате таму преку радио мора да имате многу среќа или да се наоѓате на строго одреден дел, но ниту тогаш комуникацијата не трае долго.

Иако за тој регион се смета дека е на работ на паранормалното, сепак луѓе живеат таму. Во зоната има неколку куќи со голема меѓусебна одалеченост. Тоа што е интересно е што камените куќи не содржат железо или било каков друг метален материјал, но сепак се од магнетна природа и привлекуваат магнети.

Некои веруваат дека сето тоа се случува поради големата концентрација на железо во тој дел.

Уште од 19-от век постојат голем број извештаи за пад на метеор и појава на мистериозни светла, поради што теоретичарите на заговор велат дека НЛО го посетува тоа место.

Коментари

Коментари

Related Articles