ОБЈАВЕНА Е МАПАТА НА БОГАТСТВО ВО ЕВРОПА – Знаете ли каде се наоѓа Македонија?

 Breaking News

ОБЈАВЕНА Е МАПАТА НА БОГАТСТВО ВО ЕВРОПА – Знаете ли каде се наоѓа Македонија?

ОБЈАВЕНА Е МАПАТА НА БОГАТСТВО ВО ЕВРОПА – Знаете ли каде се наоѓа Македонија?
December 07
10:44 2017

Објавена е мапа која ја прикажува средната вредност на богатство по возрасна личност во една држава изразена во долари.

Прикажаните податоци се темелат на анализа на швајцарската мултинационална финансиска компанија Credit Suisse, која го мери богатството со собирање на вредности на финансиски и останати недвижнини и одземање на вредноста на долговите.

Податоците не се целосни за некои земји од ЕУ. За нив се користи пресметка базирана на вкупен биланс на домаќинствата.

Држава со најголемо богатство е Исланд, чие средно богатство изнесува 445.000 долари по возрасен жител. Другите 2 најбогати земји се Швајцарија и Луксембург, а следуваат Норвешка, Франција и Англија.

Најсиромашни држави во Европа се Украина и Белорусија, чие богатство се проценува од 100 до 900 долари.

Македонија во просек има 5.700 долари по возрасен граѓанин, а од земјите во соседството најсиромашна е Србија со 5.300 долари по жител. Босна има 8.900, Хрватска 18.000, Словенија 42.000 и Црна Гора 14.000 долари по возрасен жител.

Коментари

Коментари

Related Articles