Оглас за вработување: МАНУ бара секретар, плата 44.702 денари

 Breaking News

Оглас за вработување: МАНУ бара секретар, плата 44.702 денари

Оглас за вработување: МАНУ бара секретар, плата 44.702 денари
February 19
23:08 2018

Врз основа на член 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Р. М. бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16) и член 26 од Законот за Македонската академија на науките и уметностите („Службен весник на Р. М. бр. 13/96, 5/09 и 59/2012), член 150 од Статутот на Македонската академија на науките и уметностите Пречистен текст („Билтен, бр. 1/2013), Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на Македонската академија на науките и уметностите („Билтен” бр. 1/2014) и Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на Македонската академија на науките и уметностите („Билтен, 6р. 1 /201 5) и член 69 од Правилникот за организација и за систематизација на работните места во Македонската академија на науките и уметностите („Билтен, бр. 3/2014) Македонската академија на науките и уметностите објавува

КОНКУРС за избор на Секретар на Секретаријатот на МАНУ

1. Секретар на Секретаријатот на МАНУ

Покрај општите услови предвидени во Закон, кандидатот треба да ги исполнува и следните посебни услови:
– високо образование, ниво на квалификации VI А, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен или магистратура ниво на квалификации VII, 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/2 степен
– најмалку 5 (пет) години работно искуство од областа
– покажани организаторски способности
– активно владеење на еден светски јазик

Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (7.00 – 15.00 часот).
Висината на основни месечни нето примања за наведеното работно место изнесува 44.702, 00 денари.

Покрај горенаведените посебниуслови, предвидени во Статутот на Македонската академија на науките и уметностите и во Правилникот за организација и систематизација на работните места во Македонската академија на науките и уметностите, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување:

– да е државјанин на Република Македонија,

– да е полнолетен,

– да има општа здравствена способност и

– да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават мотивационо писмо, лична биографија (CV) на македонски јазик, докази за исполнување на посебните услови и Уверение за државјанство.

Документите се поднесуваат во оригинал или во копија заверена на нотар.
Со сите пријавени кандидати кои ги исполнуваат условите за наведеното работно место ќе се спроведе поединечно интервју.

Изборот ќе се изврши во рок согласно член 23 став 2 од ЗРО.

Пријавите со документи за ислолнување на условите се доставуваат на адреса: Македонска академија на науките и уметностите, Бул. „Крсте Мисирков” бр. 2

– Сколје, телефон за контакт (02) 3235 400, во рок од 5 (пeт) работни дена од објавувањето на јавниот оглас. Условите наведени во конкурсот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот иа пријавувањето.

Некомплетни и ненавремени доставени документи нема да се разгледуваат.

МАНУ Активен до: 22.02.2018 Извор Факултети.

Коментари

Коментари

Related Articles