Кој е најбараниот комичар за 2017-та во Македонија?

 Breaking News

Кој е најбараниот комичар за 2017-та во Македонија?

Кој е најбараниот комичар за 2017-та во Македонија?
December 21
20:14 2017

Нашата редакција реши да направи мало истражување низ социјалните мрежи, за да видиме кој комичар има најмногу настапи во Македонија.

За таа цел, ги отворивме фејсбук профилите и фан страните на сите наши комичари.

Сашко Коцев

Можевме да видиме дека Сашко генерално оваа година беше повеќе посветен на претставата “Не се клади на Енглези” отколку на стенд ап настапите.

Тој во својот календар забележа неколку поголеми настани низ Македонија, барем од она што можевме да го видиме (можеби нешто и сме промашиле) и тоа само во домовите на култура или театрите.

Иако овие настани беа навистина посетени, сепак бројката како бројка на настани во 2017-та е премала за да кажеме дека Сашко е комичарот со најмногу настани.

Никола Тодороски (Охрид)

Тука наидовме на еден интересен момент. Во неколку наврати прочитавме дека тој се претставува себе си како “комичарот со 150 настапи годишно„ и тоа секоја година!

Решивме да ја испитаме обемнава бројка.

Фактите се следни: освен неколку стенд ап настани по кафичите во Охрид и околните градови, неколку настапи во Софија и еден во Загреб, по два во Штип и Скопје, едвај да стигнавме до бројка меѓу 20-30 настапи. А, до 150, му фалат “само” едно 120-130 настапи.

Марјан Ѓорѓиевски (Битола)

Или Марјан е “скржав” со споделување на информации по социјалните мрежи или она што е можеби поверојатно – нема настапи .

Од она што го видовме бројката на настапи во 2017-та споделена на социјалните мрежи не е ни вредна за споменување, односно можеме да ги изброиме на прсти.

Бојан Велевски (Скопје)

Бојан е доста активен на социјалните мрежи. На неговиот фан пејџ може да се видат известувања и “евенти” за речиси сите негови настапи низ Македонија.

Оваа 2017-та е дефинитивно најуспешна негова година како комичар. Тој е единствениот од нашите комичари кој јавно на фан пејџ-от вади месечни агенди со настани.

За разлика од Никола Тодороски, кај Бојан Велевски не видовме пофалба од типот “150 настапи годишно”, но можеме да се согласиме дека тој е најблиску од сите останати до оваа бројка, барем во 2017-та.

Еве само дел од календарот на Бојан за оваа година:

 

Доколку не сте имале можност да го гледате најбараниот стенд ап комичар во 2017-та, последна можност годинава ќе имате на 27.12. (СРЕДА) во Club Avenue (Скопје) на настанот “BEST OFF STAND UP” – 2017-та заедно со Пеџа Бајович (ХРВ), каде што тој и Пеџа ќе ги изведат своите најдобри фори за оваа година.

За сите детали околу настанот на овој линк: https://www.facebook.com/events/1989095844441541/

Коментари

Коментари

Related Articles