Оваа сабота Иванов, Заев, Мицкоски и Ахмети на иста маса за името

 Breaking News

Оваа сабота Иванов, Заев, Мицкоски и Ахмети на иста маса за името

Оваа сабота Иванов, Заев, Мицкоски и Ахмети на иста маса за името
January 23
12:55 2018

В сабота ќе се одржи средба на државниот врв и на лидерите на најголемите политички партии на која премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев ќе информира за текот на разговорите за името, дознава МКД.мк од партиски извори.

На средбата ќе присуствуваат и претседателот на државата Ѓорге Иванов, Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Али Ахмети, првиот човек на ДУИ.

Премиерот Заев неколку пати најави дека за разговорите за името ќе бидат информирани и првите луѓе на опозицијата.

Утре во Давос за името ќе разговараат Зоран Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас, по што за наредната недела се закажани поединечни средби на медијаторот Метју Нимиц со шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција.

Коментари

Коментари

Related Articles