Се случи и тоа: Игор Дурловски му прости на Отец Пимен за неговите навреди (фото)

 Breaking News

Се случи и тоа: Игор Дурловски му прости на Отец Пимен за неговите навреди (фото)

Се случи и тоа: Игор Дурловски му прости на Отец Пимен за неговите навреди (фото)
February 21
00:11 2018

Игор Дурловски, еден од обвинетите во апсурдниот политички прогон за тероризам против луѓето кои на 27-ми април се обидоа да го спречат државниот удар во Собранието, на социјалните мрежи му одговори на отецот Пимен кој во свој статус напиша дека Дурловски не требало да биде сожалуван само затоа што имал деца.

„Пак некои чудни медиуми гледам. Судејќи по некои изјави добивам впечаток дека тој што има деца што плачат е поневин од тој што нема.

И дека друга тежина имаат ланските солзи, а друга денешните.

Или кој пее зло не мисли, а кој не е пеач или глумец повеќе греши.

Да оставиме суд да решава наместо нашите емоции и поговорки“ – напиша Пимен минатата година, веднаш по приведувањето на лицата обвинети за тероризам.

Дурловски, кој се наоѓа во домашен притвор откако апелација ја преиначи одлуката, во христијански дух му одговори на Пимен.

„Оче Пимен, простено нека ти е од мене!“ – напиша Дурловски по повод празникот Прочка.

Игор Дурловски беше притворен во затворот Шутка.

Адвокатите зборуваат за политички прогон. Конкретни тврдења или дури и докази за делото за кое се товарат притворените, не постојат досега.

Петнаесет униформирани мажи пристигнаа на 28 ноември во 06:00 часот и го зедоа Игор со нив пред нашиот најстар син – рече сопругата на Дурловски, која пееше во Штутгарт во операта “Ариоданте”, а на почетокот на 2018 година ќе може да се види како Кралица на ноќта на Семперопер Дрезден.

Коментари

Коментари

Related Articles