И Шилегов се откажа од Александар Македонски, и тоа во грчки весник

 Breaking News

И Шилегов се откажа од Александар Македонски, и тоа во грчки весник

И Шилегов се откажа од Александар Македонски, и тоа во грчки весник
February 12
16:05 2018

Откако експретседателот Киро Глигоров го стори тоа во 1992 година, а Владата на Зоран Заев и практично го спроведе со преименувањето на аеродромот и на автопатот, и скопскиот градоначалник Петре Шилегов се откажа од Александар Македонски, и тоа во интервју за грчки весник.

„Александар Велики никогаш не бил дел од нашата регуларна историја. Беше вклучен во нашата историја во последните десет години.

Во основа, кога говориш за таков вид на етничка припадност, држави и народи, тоа се однесува на последните 300 години, а Александар Велики живеел пред 2.300 години. Јас претпочитам да го гледам како лидер што го цивилизираше целиот свет“, изјави Шилегов за весникот „Документо“.

Потпретседателот на СДСМ одби да изнесе и лично мислење за позициите на Македонија во разговорите со Грција околу разликите за името, освен што видел „подготвеност, расположение и намера“ на двете влади за надминување на проблемот.

За барањето на Грција за промени во македонскиот Устав, со кој би се отстраниле наводните иредентистички членови, Шилегов одговори дека највисокиот законодавен акт е променет уште во 1992 година и оти „постои член во нашиот устав што вели дека немаме територијални претензии кон соседните земји“.

Прашан дали има некаква врска со Грција, со оглед на користењето на грчкиот јазик во почетокот од своето обраќање по средбата со колегата од Атина и домаќин Јоргос Каминис во петокот, „градскиот татко“ на Скопје објасни дека неговиот дедо бил роден во село во близина на Воден, а од Грција заминал кон средината на 20 век.

Но, тоа не било причината што тој знае малку грчки, туку појасни дека поднаучил од јазикот на јужниот сосед поминувајќи многу време во различни делови на Грција во близина на Македонија, пишува Експрес.мк

Коментари

Коментари

Related Articles