Шилегов се сретна со кандидатот за Бутел од ВМРО, Дарко Костовски, средбата ја сними и ја објави на фејсбук (ВИДЕО)

 Breaking News

Шилегов се сретна со кандидатот за Бутел од ВМРО, Дарко Костовски, средбата ја сними и ја објави на фејсбук (ВИДЕО)

Шилегов се сретна со кандидатот за Бутел од ВМРО, Дарко Костовски, средбата ја сними и ја објави на фејсбук (ВИДЕО)
October 01
10:15 2017

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ, Петре Шилегов, денеска на пазарот во Бутел случајно се сретна со кандидатот за градоначалник на оваа општина од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовки.

Вчера Шилегов ја посети општина Бутел. Средба со граѓани одржа пред пазарчето во Бутел, а потоа ги посети дуќаните и пазарчето во ТЦ „Живко Брајковски“.

„Подобро за тебе ќе биде јас да победам. Верувај ми. Народот е убеден дека јас ќе победам и вие убаво го знаете тоа, очите ви зборуваат“, рече Шилегов.

Костовски на ова, пак, кратко одговори дека народот не мисли така и дека во тоа ќе се увери на 15 октомври.

„Денеска се сретнав со Шилегов,како што личи тој покажа почит према ВМРО-ДПМНЕ! Јасно им беше упатена пораката дека на 15 октомври ќе се освестат и ќе сфатат дека народот како никогаш досега цврсто ќе застане позади ВМРО-ДПМНЕ! Витешки до нова историска победа! За стабилен, прогресивен Бутел!“ напиша Дарко Костовски на својот фејсбук профил.

Костовки му кажа дека на 15-ти Шилегов ќе свати најдобро… погледнете го видеото кое беше исечено и поставено на фејсбук страницата на Петре Шилегов:

Коментари

Коментари

Related Articles