Спортмедиа: Доста е, бараме од државата да ја санкционира МРТВ2

 Breaking News

Спортмедиа: Доста е, бараме од државата да ја санкционира МРТВ2

Спортмедиа: Доста е, бараме од државата да ја санкционира МРТВ2
January 14
13:29 2019

Коментаторот Мустафа Адеми од засега не познати или познати причини, името и презимето на Стојанче Стоилов ниту еднаш не го изговори, постојано го нарекуваше „играчот со број пет”, пишува Спортмедиа.

Голем срам за Македонија, за спортот…Во нашата држава дефинитивно на некои луѓе им е дозволено да прават што ќе посакаат. Кога помисливме дека не сме го доживеале дното, на македонскиот национален сервис МРТВ 2 за време на преносот од дуелот меѓу Македонија и Јапонија се случи скандал.

Коментаторот Мустафа Адеми од засега не познати или познати причини, името и презимето на Стојанче Стоилов ниту еднаш не го изговори, постојано го нарекуваше „играчот со број пет”, пишува Споретмедиа.

Адеми кој зема плата благодарение на нас Македонците, бидејќи телевизија за која работи е финансирана од буџетот на државата, треба да биде санкциониран и јавно да се извини за неговата непрофесионалност и обидот да предизвика националистички испад.

Ги повикуваме највисоките институции во нашата држава веднаш да преземат мерки и да застанат во одбрана на репрезентативците кои гинат за државната селекција, а не само да доаѓаат на натпревари и да се фотографираат со нив.

Ова е класично уривање на новинарската професија и кодексот на професионално и одговорно однесувње, бидејќи се работи за Државна телевизија која треба да биде вистински пример за високи стандарди во новинарската професија, а не социјална мрежа на која на кој како ќе му текне ќе ги изразува своите приватни ставови и фрустрации.

И на крајот Стоилов никогаш јавно и официјално не даде коментар за случувањата за време на изборот на спортист на годината, пишува Спортмедиа.

Погледнете го видеото во продолжение од моментот кога коментаторот коментира во живо на МРТВ2:

Коментари

Коментари

Related Articles