Ставре Јада го развиори македонското знаме на отворањето на ЗОИ

 Breaking News

Ставре Јада го развиори македонското знаме на отворањето на ЗОИ

Ставре Јада го развиори македонското знаме на отворањето на ЗОИ
February 09
13:49 2018

Ставре Јада, еден од тројцата македонски олимпијци кои ја претставуваат Македонија на Зимските олимписки игри (ЗОИ) кои се отворени денеска во Пјонјанг, го развиори македонското знаме на свеченото дефиле.

Македонија на Игрите во Пјонгјанг ќе ја претставуваат тројца спортисти.

Ставре Јада, Антонио Ристевски и Викторија Тодоровска се спортистите во црвено-жолто кои ја бранат честа на нашиот спорт на ЗОИ.

– Не можеме да ја скриеме возбудата од учеството на најголемиот спортски настан. Веруваме дека нема да ја разочараме Македонија, а искрено од срце ќе се обидеме достоинствено да ја браниме македонската спортска чест – вели Ставре Јада, кој со штотуку наполнети 18 години беше знаменосец на церемонијата на свеченото отворање.

Коментари

Коментари

Related Articles