ФОТО: Страшна сообраќајка кај Ропотово: Две лица загинаа, две со повреди пренесени во болница

 Breaking News

ФОТО: Страшна сообраќајка кај Ропотово: Две лица загинаа, две со повреди пренесени во болница

ФОТО: Страшна сообраќајка кај Ропотово: Две лица загинаа, две со повреди пренесени во болница
February 17
13:48 2018

Две лица го загубија животот, а две се повредени во сообраќајна несреќа која денес околу 11 часот се случи на патот од Македонски Брод кон Прилеп, во близина на село Ропотово.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале патничко возило „Лада самара“ со битолски регистарски таблички, управувано од М.В. (46), патничко возило “Мерцедес“ со кумановски регистарски таблички управувано од М.М. (69) од село Лажани и товарно возило “Мерцедес“ со кумановски регистарски таблички управувано од Т.Д. од Куманово.

-Во несреќата на самото место починале З.В. (66), сопатничка во возилото “Лада самара“, како и возачот на патничкото возило “Мерцедес“ М.М. Исто така во несреќата со повреди се здобиле и возачот на “Лада“-та М.В. како и сопатничката во истото возило Л.В. (44) кои што се пренесени во Општата болница Прилеп, информираат од МВР.

Полицискиот увид е во тек а сообраќајот на таа делница е во прекин. Фото Шеталиште:

Коментари

Коментари

Related Articles