Таа е млада, прекрасна и посебна – погледнете зошто се разликува од другите (фото)

 Breaking News

Таа е млада, прекрасна и посебна – погледнете зошто се разликува од другите (фото)

Таа е млада, прекрасна и посебна – погледнете зошто се разликува од другите (фото)
February 20
23:34 2018

Но, на втор поглед и на втората слика од едиторијалот во славниот магазин Sports Illustrated, се забележува дека таа е се само не обична. Brenna е параолимпијка и прва убавица со инвалидитет на насловна страна на овој магазин.

Младата 22 годишна сноубордерка Brenna Huckaby на прв поглед не се разликува од своите врснички кои се занимаваат со овој спорт.

Таа пред 8 години е успешно излечена од рак на коски – но поради болеста неопходно било да и се ампутира едната нога.

Во интервју за овој магазин таа вели дека тој период од својот живот бил најтежок за неа, но по закрепнувањето се вљубила во бордањето, бидејќи таа како поранешна гимнастичарка не можела да си го замисли животот без спорт.

Нејзиниот едиторијал и интервју навистина и се случиле во вистински период од животот: „Реакциите се позитивни и мотивирачки, а на тоа и се надевав.

Пред снимањето помислив: Ова ќе ми донесе и добро и лошо… Сакав ова да го направам на вистински начин. Сакав на вистински начин да ги претставам жените со одреден хендикеп“.

И успеала во тоа. Зар може некој да ја оспори силата и убавината на оваа млада девојка полна со живот?

Девојка кои не се срами од своето тело такво какво што е, која не сака да биде во сенка на својот успех и целиот свет да ја запознае токму онаква каква што е!

Коментари

Коментари

Related Articles