Тешка несреќа на патот Битола-Прилеп, загина 19-годипно момче, автомобилот удрил во товарно возило

 Breaking News

Тешка несреќа на патот Битола-Прилеп, загина 19-годипно момче, автомобилот удрил во товарно возило

Тешка несреќа на патот Битола-Прилеп, загина 19-годипно момче, автомобилот удрил во товарно возило
November 09
13:47 2017

Утрово во 7:55 часот на патот Битола Прилеп се случила тешка сообраќајка. Од битолската полиција потврдуваат дека сообраќајката се случила помеѓу патничко моторно возило и товарно моторно возило. На местото на настанот е излезен и јавен обвинител. Увидна на лице место врши екипа на СВР Битола.

Очевидци за Шеталиште велат дека во момнтот на несреќата имало и возила на Службата за итна помош и противпожарно возило затоа што од едно од возилата излегувало пламен.

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа во која утрово учествувале четири автомобили на патот Битола – Прилеп. Рено Твинго, Шкода со битолски регистерски таблици, мерцедес со скопски таблици и камион МАН, со велешки регистерски таблици сите учестувавле во несреќата.

Во сообраќајката загинал 19-годишниот Т.Ѓ. од Битола, потврдил за локалниот портал Шеталиште портпаролот на СВР Битола, Лефтерија Миленковска. Во сообраќајката изгорел мерцедесот, а имало и уште неколкумина повредени лица.

Коментари

Коментари

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment