Вистинската приказна за Моби Дик: Кога китот го уништил бродот, екипажот со месеци пловеле во морето, а на крај се јаделе помеѓу себе!

 Breaking News

Вистинската приказна за Моби Дик: Кога китот го уништил бродот, екипажот со месеци пловеле во морето, а на крај се јаделе помеѓу себе!

Вистинската приказна за Моби Дик: Кога китот го уништил бродот, екипажот со месеци пловеле во морето, а на крај се јаделе помеѓу себе!
January 13
14:03 2018

Неговото име како да му ја донело судбината која го очекувала, но ова е приказната на Овен Кофин која останала бесмртна во делото на Херман Мелвил.

Овен кој е роден во 1802 година уште како тинејџер бил морнар и многу брзо завршил во прекуокеанските пловидби. Овен биле помошник морнар на бродот Есекс од Нантакита, кој пловел во Тихиот океан на експедиција за ловење китови во 1819 година.

Со бродот командувал Џорџ Полард. Во ноември 1820 година, пленот станал опасен непријател. Есекс го потопил голем кит, кој бродот го удрил два пати. Членот на екипажот Овен го опишал вториот и финален удар.

„Се свртев и го видов како доаѓа со двојно поголема брзина од нормалната, а изгледаше дека доаѓа со голем гнев и посакувана одмазда во секој можен облик. Водата се одбиваше од него и леташе на сите страни додека тој без престан удираше со опашката на површината. Изгледаше дека половина глава му ѕирка од водата и токму на тој начин стигна до нас и повторно го удри бродот. Китот го проби трупот во самиот Пацифик и Есекс набрзо пропадна.“

Екипажот успеал да остане смирен и да избегаат со мали дрвени за спасување, но со себе имале залиха на храна доволна само за два месеци преживување.

Сепак два месеци поминале и никој не дошол да ги спаси. До јануари 1821 скоро сите биле гладни и започнале да се јадат помеѓу себе. Сламката одлучувала кој ќе живее и од нивните тела повеќе не останало ништо, туку само четири луѓе кои се договориле дека ќе влечат сламка и кој ќе ја извлече најмалата, ќе се самоубие.

Овен Кофин изгубил на таа лотарија, но капетанот се пријавил да го замени во тоа жртвување, но сепак Кофин одбил.

Нивниот чамец на крајот бил најден на брегот на Јужна Америка на 23 февруари 1822 година.

Коментари

Коментари

Related Articles