ВМРО-ДПМНЕ не се враќа во Собрание, а Заев нема да одговара на прашањата во Парламентот

 Breaking News

ВМРО-ДПМНЕ не се враќа во Собрание, а Заев нема да одговара на прашањата во Парламентот

ВМРО-ДПМНЕ не се враќа во Собрание, а Заев нема да одговара на прашањата во Парламентот
December 27
19:04 2017

Опозицијата не се враќа во Собрание и го продолжува бојкотот на законoдавниот дом.

Оваа одлука на ВМРО-ДПМНЕ е донесена попладнево, откако Судот одлучи да го продолжи притворот за обвинетите за тероризам на 27 април.

Вчера новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ најави дека денеска ќе биде објавена одлуката дали пратениците на опозицијата ќе се вратат во Собрание.

Најверојатно, лидерот Христијан Мицкоски сакаше да види дали Судот, за кој смета дека е под политичко влијание на владата на СДСМ, ќе ги пушти од слобода да се бранат обвинетите за тероризам, кои што се во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Откако Основен суд Скопје 1 донесе одлука за уште 30 дена да го продолжи притворот на уапсените, меѓу кои се оперскиот пејач Игор Дурлоски и актерот Владо Јовановски, ВМРО-ДПМНЕ останува со бојкот на парламентарниот дом.

Премиерот Зоран Заев очекува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собранието и да присуствува на утрешната седница посветена на пратенички прашања.

Доколку пратениците од опозицијата одлучат да не се вратат во пратеничките клупи, Заев нема да одговара на прашањата на мнозинството во Парламентот, пренесе Плусинфо.

На вчерашната средба со новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како што кажа, се согласиле за многу работи што се во надлежност на партиите и му порачал дека постапките на судот се надвор од нивната надлежност.

– Неколкупати потенцирав дека притворот треба да се користи како крајна инстанца.

Мислам дека мене и на граѓаните им е преку глава од притворот и дека притворот се користи како казна.

Сакам транспарентна постапка за сите и ако има докази да одговараат, а доколку нема да не одговараат, рече Заев.

Коментари

Коментари

Related Articles