Заев: Турција ќе поддржи заемно прифатливо решение за името (Видео)

 Breaking News

Заев: Турција ќе поддржи заемно прифатливо решение за името (Видео)

Заев: Турција ќе поддржи заемно прифатливо решение за името (Видео)
February 12
20:54 2018

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот без ресор, Аднан Ќахил попладнево се сретна со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот на Турција, Ердоган, ја поддржа иницијативата од премиерот Заев за зголемување на квотите за извоз на телешко и јагнешко месо во Турција.

Претседателот на Турција Ердоган даде поддршка на добрососедските политики што ги води Македонија, и го поддржа процесот за решавање на спорот со Грција и оцени дека е тоа добро за Балканот и за евро-атлантските перспективи на Република Македонија.

Коментари

Коментари

Related Articles