Заев за грчката „Алфа ТВ“: Не се согласувам дека Скопје е единствениот наследник на Александар Велики

 Breaking News

Заев за грчката „Алфа ТВ“: Не се согласувам дека Скопје е единствениот наследник на Александар Велики

Заев за грчката „Алфа ТВ“: Не се согласувам дека Скопје е единствениот наследник на Александар Велики
January 05
12:49 2018

За името и решение во првите шест месеци од годинава, за Ципрас, Каменос и Мицотакис, за политиката на Груевски и за намерите на Македонија, меѓу другото, говори македонскиот премиер во интервјуто за грчката ТВ Алфа, според кусата најава што ја објави самата телевизија.

Емитувањето, јавува дописникот на МИА од Атина, закажано е за недела, на Божик, а интервјуто или како што Алфа го нарекува „божиќното обраќање“, истовремено, според грчката ТВ, ќе го пренесува и една македонска телевизија.

Македонскиот премиер говори за заедничкиот интерес на двете земји, како и за Алексис Ципрас, за коалициониот партнер во владата Панос Каменос, за лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.

Открива, според Алфа, што имаат заедничко со грчкиот премиер и го пренесува неговото мислење дека „можеби Господ ги донесе така работите, за изнаоѓање решение на прашањето за името“.

– Зоран Заев ги отфрла практиките на неговиот претходник Никола Груевски и објаснува зошто не се согласува со позицијата на претходните премиери, дека „Скопјаните се единствени наследници на Александар Велики“, наведува телевизијата во најавата за интервјуто, објавена на нејзиниот сајт и додава дека од разговорот, се откриваат намерите на Скопје и до кој степен е подготвено да направи отстапки.

Коментари

Коментари

Related Articles