7 Начини како да бидеш дама!

 Breaking News

7 Начини како да бидеш дама!

7 Начини како да бидеш дама!
January 25
11:43 2018

Некако како да заборавивме на убавите манири и однесување како вистинска дама. Можеби не треба да се потсетуваме на нив само кога имаме некој важен настан. Таквото однесување треба да е дел од нашето секојдневие. Да не оставиме само на тоа да се восхитуваме кога го гледаме “Breakfast at Tiffany’s”, туку да почнеме и ние да се однесуваме како вистински дами. Ова се нашите совети до вас, ако сакате да бидете дама на која мажите тешко можат да и одолеат.

Не преспивајте кај стигнете!

Не ме сфаќајте погрешно. Сексот може да биде забавен, но имајте го во предвид и впечатокот кој го оставате. Вистинските дами не го прават ова.

Не пушете!

Пушењето може да изгледа женствено и гламурозно, но сепак тоа остава траги на вашата убавина, миризба која не и доликува на една дама.

Не се опивајте!

Да наздравите со чаша бело вино е одлично, но да се опивате и да ве изнесуваат носејќи ве во бесознание не е воопшто женствено.

Не бидете неуредна!

Кога некој ќе влезе во вашиот дом добива јасна претстава за тоа каков човек сте. Растурен кревет, облека на сите страни… зарем и доликува на една дама?

Внимателно со изразувањето!

Сите ние имаме моменти кога сме бесни, лути, нервозни… Но, пцовките не и доликуваат на една дама.

Внимавајте на облеката

Дамите знаат што сакаат и знаат како да го носат тоа. Тие никогаш не излегуваат во јавност со несредена коса, нокти и комбинација која ја носат додека спијат.

Само дипломатски

Не дозволувајте да излезете од контола и бесот да ве надвладее. Само погледнете како тоа го прават дипломатите. Сталожени се, прибрани и кажуваат она што јавноста сака да го слушне.

Коментари

Коментари

Related Articles