7 причини зошто дизелот не треба да се зголеми стигнаа од кабинетот на министерот Тевдовски, критики на адреса на владата

 Breaking News

7 причини зошто дизелот не треба да се зголеми стигнаа од кабинетот на министерот Тевдовски, критики на адреса на владата

7 причини зошто дизелот не треба да се зголеми стигнаа од кабинетот на министерот Тевдовски, критики на адреса на владата
November 04
22:14 2017

Економистот Бранимир Јовановиќ кој е дел од кабинетот на министерот за финансии, Драган Тевдовски, преку својот Фејсбук профил се огласи по критиките за покачувањето на акцизата на дизелот, планирано за од 1 јануари 2018 година. Неговиот Фејсбук статус ви го пренесуваме во продолжение:

Неколку работи околу акцизата на дизелот

1. Дизелот во Македонија е меѓу најевтините во Европа и убедливо најевтин во регионот. Литар дизел кај нас е околу 0.8 евра, во Бугарија и Косово е околу 1 евро, во Србија и Албанија околу 1.3 евра.

2. Разликата меѓу дизелот и бензинот кај нас е една од највисоките во Европа. Кај нас дизелот е поевтин од бензинот за околу 15-20%, во развиените европски земји нивните цени се приближно исти.

3. Акцизата на дизелот во Македонија е многу пониска од она што ЕУ го препорачува. ЕУ препорачува акцизата на дизелот да не е пониска од 33 евро-центи (20 денари), кај нас акцизата е 20 центи (12 денари).

4. Покачувањето на акцизата на дизелот може да придонесе за намалување на загадувањето. Со поскап дизел, на луѓето ќе им биде поисплатливо да користат алтернативни енергенси кои помалце загадуваат, како плинот.

5. Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди најсиромашните. Дури 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил. Најмногу ќе бидат погодени оние кои возат повеќе, а тоа се пред сѐ побогатите.

6. Покачувањето на акцизата на дизелот нема да доведе до општ раст на цените. Анализите покажуваат дека 3 денари повисока акциза на дизел ќе го зголеми општото ниво на цени за околу 0.2-0.3%.

7. Зголемувањето на акцизата на дизелот за 3 денари ќе донесе околу 30 милиони евра во буџетот. Тоа се 30 милиони евра повеќе за здравство, образование, социјална заштита, гасификација…

Коментари

Коментари

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment