Али Ахмети заминува од лидерската позиција во ДУИ?

 Breaking News

Али Ахмети заминува од лидерската позиција во ДУИ?

Али Ахмети заминува од лидерската позиција во ДУИ?
January 11
11:22 2018

Лидерот на ДУИ Али Ахмети наскоро ќе ја напушти челната позиција во ДУИ, тврди аналитичарот Даме Чкатровски.

Во емисијата „60 минути со Горан Момироски” на ТВ Алфа, Чкатровски кој важи за близок на влијателни структури во СДСМ вели дека Ахмети до јуни се повлекува од претседател на ДУИ.

Други неофицијални информации од ДУИ велат дека е можно Ахмети да се повлече по приемот на Македонија во НАТО во јули, но и дека е можно неговото демисионирање да се случи уште во февруари идната година.

Ахмети е лидер на ДУИ од нејзиното формирање во 2002 година кога од воена формација со помош на западни советници се трансформираше во политичка партија, пишува Република.

Коментари

Коментари

Related Articles