Амди Бајрам: Јас сум комуникативен, „ластик-систем“, со секого се поздравувам и битно е да се учествува

 Breaking News

Амди Бајрам: Јас сум комуникативен, „ластик-систем“, со секого се поздравувам и битно е да се учествува

Амди Бајрам: Јас сум комуникативен, „ластик-систем“, со секого се поздравувам и битно е да се учествува
February 05
23:30 2019

Во емисијата Студио 1 на 1ТВ гостуваше лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, кој се кандидираше за претстојните претседателски избори и истакна дека поддршка ќе побара од сите пратеници, без оглед од која партија се.

Овие денови одиме со лајкови, да видиме дали ќе има десет илјади и еден лајк.

Тоа е пробно, колку ме прифаќаат граѓаните. Ќе треба да се соберат 10,000 потписи, ќе видам понатака ако има поддршка.

Од сите пратеници во парламентот ќе побарам поддршка без разлика од која партија се, за 30 пратеници.

Ако не можам да најдам поддршка од 30 пратеника ќе одам со собирање на потписи, рече Бајрам.

На прашањето дека поддржувал различни политики, без разлика која партија е на власт, Бајрам вели дека тоа е единствен начин на кој можел да му помогне на неговиот народ.

Политиката е нож со две острици. Јас секогаш сум објективен.

Кој е на власт, ја сум бил со вас. На мојот народ мора да им помогнам на некој начин, а од опозиција не би можел да помогнам.

За тоа дали смета дека има шанса да победи и што го прави порзличен, вели дека искуството си го прави своето.

Јас сум најстар пратеник во парламентот на Македонија со мандати.

Искуство имам доволно и сакам да го спојам граѓанството од сите националности, да го спојам народот затоа што Република Северна Македонија оди наскоро во НАТО, па се отвора вратата за Европа и тоа е визијата на мојата политичка партија.

Јас сум комуникативен, „ластик-систем“, со секого се поздравувам и битно е да се учествува и да остане во историјата.

Името да остане вечно, дека постоел Ром кандидат, вели Амди Бајрам.

Коментари

Коментари

Related Articles