Амди Бајрам: Јас сум најстар претеник со мандати, сакам да го спојам народот затоа што Република Северна Македонија оди наскоро во НАТО

 Breaking News

Амди Бајрам: Јас сум најстар претеник со мандати, сакам да го спојам народот затоа што Република Северна Македонија оди наскоро во НАТО

Амди Бајрам: Јас сум најстар претеник со мандати, сакам да го спојам народот затоа што Република Северна Македонија оди наскоро во НАТО
February 06
11:47 2019

Гостин во отвореното Студио 1 со Јана Јосифоска и Влатко Чаловски беше лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, кој се кандидираше за претстојните претседателски избори.

Овие денови одиме со лајкови, да видиме дали ќе има десет илјади и еден лајк. Тоа е пробно, колку ме прифаќаат граѓаните. Ќе треба да се соберат 10,000 потписи, ќе видам понатака ако има поддршка. Од сите пратеници во парламентот ќе побарам поддршка без разлика од која партија се, за 30 пратеници. Ако не можам да најдам поддршка од 30 пратеника ќе одам со собирање на потписи, рече Бајрам.

На прашањето дека поддржувал различни политики, без разлика која партија е на власт, Бајрам вели дека тоа е единствен начин на кој можел да му помогне на неговиот народ. – Политиката е нож со две острици. Јас секогаш сум објективен. Кој е на власт, ја сум бил со вас. На мојот народ мора да им помогнам на некој начин, а од опозиција не би можел да помогнам.

За тоа дали смета дека има шанса да победи и што го прави порзличен, вели дека искуството си го прави своето. – Јас сум најстар пратеник во парламентот на Македонија со мандати. Искуство имам доволно и сакам да го спојам граѓанството од сите националности, да го спојам народот затоа што Република Северна Македонија оди наскоро во НАТО, па се отвора вратата за Европа и тоа е визијата на мојата политичка партија. Јас сум комуникативен, „ластик-систем“, со секого се поздравувам и битно е да се учествува и да остане во историјата. Името да остане вечно, дека постоел Ром кандидат, вели Амди Бајрам.

Коментари

Коментари

Related Articles