Американски Хрват кој ја пишувал стратегијата на Трамп за Балканот открива: Еве што стои зад силниот интерес на САД за регионот!

 Breaking News

Американски Хрват кој ја пишувал стратегијата на Трамп за Балканот открива: Еве што стои зад силниот интерес на САД за регионот!

Американски Хрват кој ја пишувал стратегијата на Трамп за Балканот открива: Еве што стои зад силниот интерес на САД за регионот!
January 11
11:06 2018

„Администрацијата на Трамп е фокусирана прво на Балтикот, каде што заканата на Русија е најголема, а потоа на западн Балкан каде што влијанието на Русија е многу токсично.“, вели уредникот на списанието „Американ Интерест“.

Со доаѓањето на Трамп во Белата куќа се мислеше дека Западен Балкан прво ќе испадне од фокусот на Америка, но работите се менуваат за што сведочи и стратегијата за Балканот, документ кој на крајот на минатата година беше изработен за администрацијата на Трамп. Во документот се се споменува зголемената загриженост за состојбата и покажува на потреба за задржување на Балканот на американскиот радар, најмногу поради влијанието на Русија.

Главните точки за стратегијата за Балканот ги кажа Дамир Марушиќ, извршен уредник на списанието „Американ Интерест“ и еден од авторите на стратегијата.

Вашингтон е загрижен за правецот во кој оди западен Балкан

Важни точки на стратегијата за Балканот се : постојана воена контрола на САД на југоистокот на Европа за т.н. „свесно помирување“ со Србија, посредничка улога на САД помеѓу Белград и Пришина…

„Мислам дека постои загриженост на Вашингтон за регионот дека не оди во вистински правец. Дури и ако се вратиме на администрацијата на Обама, постојано имаше чувство дека нешто треба да направи и САД во тој регион.“

Според неговите зборови, администрацијата на Трамп сака нова визија за стратегијата за Европа. Во таа смисла САД ја зголеми и пресметката за европската одбранбена иницијатива за 2018-та година.

„Целта е да се стави Балканот на радарот на администрацијата на Трамп“

„Би рекол дека оваа администрација многу работи и размислува како да ја реконфигурира својата воена положба за европската сигурност. И поентата на извештајот е Балканот да се стави на радарот на оваа администрација. И иницијалните разговори со луѓето на Капитол Хил зборуваат дека тие се многу отворени за реконфигурација на Балканот.“

„Руската вмешаност во Балканот е многу токсична“

Марушиќ напоменува дека САД не се повлекува од Европа и мора да испрати силен сигнал до сите актери во регионот, но и Русија дека Балканот не може да падне под нивно влијание, туку дека процесот на решавање на проблемот ќе продолжи и дека САД ќе врши притисок кога ќе биде потребно.

„Руската вмешаност е токсична, особено во Србија. Како што напоменав претходно, не се само лидерите во Србија тие кои не гледаат иднина со Русија, туку и луѓето. Така е и со целиот регион. Никој не ги учи децата на руски јазик, никој не ги праќа своите деца во Москва со надеж дека таму ќе најдат подобар живот и иднина. Сите секогаш се надеваат дека ќе влезат во ЕУ и дека нивните деца ќе имаат подобра иднина на Западот.“

Политичарите зборуваат за историјата за да ја прекријат корупцијата

„Тоа низ историјата секогаш било силно, особено таков начин користат политичарите. Но ние во извештајот означивме дека употребата на историјата во регионот сега е поврзана со корупцијата. Политичкиот базен во целиот регион стагнира, постојано се појавуваат исти лица и многу е лесно, кога ја имате опцијата на Русија, ќе ја употребите во домашни цели. Русите го знаат тоа и го искористуваат.“

Коментари

Коментари

Related Articles