Анѓушев: Се очекува нов наплив на странски инвестиции, ќе дојде советник од Владата на Германија во нашата земја

 Breaking News

Анѓушев: Се очекува нов наплив на странски инвестиции, ќе дојде советник од Владата на Германија во нашата земја

Анѓушев: Се очекува нов наплив на странски инвестиции, ќе дојде советник од Владата на Германија во нашата земја
February 06
15:54 2019

Во Берлин се одржа и состанок на Мешовитиот управувачки комитет на Владите на двете земји, со вицепремиерот Анѓушев и Хелге Толксдорф, раководител на Оддел за ЕУ проширување, Југоисточна Европа и Турција.

Вицепремиерот Анѓушев денеска нагласи дека СР Германија покажа дека е голем пријател на Македонија, која што досега многу помогна на патот кон ЕУ и НАТО интеграциите, а исто така рече дека поддршката од Германија допрва ќе дојде.

Анѓушев изјави дека СР Германија е прв трговски партнер на нашата земја со 3,64 милијарди евра обем и 15 отсто раст на размената во 2018, во однос на 2017 година.

Тој се надоврза на денешното потпишување на протоколот за пристапување кон НАТО, и рече дека се реализира една стратешка цел на нашата земја, се обезбедува стабилност и подобра бизнис клима преку која се очекува нов наплив на странски инвестиции.

-Благодарни сме на поддршката од Владата на СР Германија во реализацијата на евро-атлантските интеграции на нашата земја.

Денес се остварува децениската стратешка цел за пристапување кон НАТО, со што се обезбедува еден од фундаменталните услови за побрз и поинтензивен развој, особено на економијата.

Со стабилноста која ја добиваме со членството во НАТО, очекуваме зголемен интерес од странските инвеститори, особено оние кои доаѓаат од Германија – рече Анѓушев.

– По завршување на политичките процеси, важно е да обезбедиме подобар живот за граѓаните, а тоа ќе го постигнеме преку добра и реална економија.

Нема подобро место во светот од каде што може да се научи повеќе за економијата и индустријата од Германија и затоа го формиравме Мешовитиот управувачки комитет помеѓу македонската и германската Влада – рече Анѓушев.

Во Берлин се одржа и оперативен состанок на Мешовитиот управувачки комитет на Владите на двете земји, со вицепремиерот Анѓушев и Хелге Толксдорф, раководител на Оддел за ЕУ проширување, Југоисточна Европа и Турција.

-Дискутиравме за идните чекори за продлабочување на нашите економски односи со Македонија.

Досега имаме нов рекорд во трговската размена што изнесува над четири милијарди долари, минатата година, со реални изгледи трговската размена да продолжи да расте.

Меѓусебната соработка ќе се концентрираме да ја продлабочиме во повеќе сектори, со особен фокус во полето на дуалното образование, за создавање на пристојни работни места за младите луѓе во вашата земја, со рализација на инвестиции од германски компании – изјави Толксдорф.

Коментари

Коментари

Related Articles