Банкарите до инвеститорите во биткоин: Подгответе се да изгубите сѐ

 Breaking News

Банкарите до инвеститорите во биткоин: Подгответе се да изгубите сѐ

Банкарите до инвеститорите во биткоин: Подгответе се да изгубите сѐ
February 09
00:04 2018

Масовната продажба на берзите за криптовалути ја намалија вредноста на берзата за 500 милијарди долари, но ситуацијата би можело да се влошува, предупредуваат банкарските експерти од „Голдман Сакс“.

Мала е веројатноста дека ќе преживеат повеќето криптовалути во сегашниот облик, а инвеститорите треба да се подготват за она што ќе следи, односно да изгубат сѐ, вели шефот на Одделението за инвестициско истражување во банката, Стив Стронгин.

Оттаму предупредуваат дека многу валути, првенствено биткоинот, ќе паднат на нула.

„Ме загрижува високата корелација на различните криптовалути“, вели тој и додава:

„Спротивно од она што би се очекувало на рационалната берза, се чини дека овие нови валути не ја намалуваат вредноста на старите, па се чини како да се движат како една класа.“

Според Стронгин, тешко дека ќе има добитници од инвестирањето во криптовалутите, но можно е одредено ниво на консолидација. Кога ќе се случи тоа, токените ќе изгубат на популарност и вредноста на многу криптовалути ќе падне на нула, поради што инвеститорите ќе останат со празни раце, вели тој.

„Ова е всушност најважната разлика меѓу крипто валутите и другите валути – ако владата на пример одлучи да ја укине валутата, обично ќе направи некаква замена.“

Тој исто така вели дека на денешните виртуелни валути им недостига долгорочна моќ поради забавувањето на трансакциите, безбедносните предизвици и високите трошоци за одржување.

Сепак, тој додава дека „Голдман Сакс“ и понатаму е оптимист во поглед на тоа како блокчејн технологијата може да ги направи компаниите поефикасни, особено банкарските фирми.

Покрај црните прогнози од „Голдман Сакс“, а претходно и од светски познатиот економист Нуриел Рубини дека криптоберзата е голем меур што ќе пукне наскоро, вреднсота на биткоинот се подобри и моментално оваа криптовалута се тргува за 8.223 долари.

Коментари

Коментари

Related Articles