Бурне до Филипче: Ќе ја донирам мојата докторска плата – да формирате солидарен фонд

 Breaking News

Бурне до Филипче: Ќе ја донирам мојата докторска плата – да формирате солидарен фонд

Бурне до Филипче: Ќе ја донирам мојата докторска плата – да формирате солидарен фонд
February 10
21:53 2019

Докторот Јово Бурнески преку својот Фејсбук профил го замоли Министерот за здравство, Венко Филипче да формира солидарен фонд, каде како што вели тој лично прв ќе ја донира својата докторска плата:

Ве замолувам господине Венко Филипче и министерството за здравство веќе долго време да формирате солидарен фонд.

Јас како Доктор прв ќе ја донирам мојата докторска плата за да им се помогне на сите социјално загрозени категории и на сите граѓани со помали примања кои немаат можност да го платат прегледот на доктор и кои немаат здравствено осигурување, како и сите пациенти кои треба да се лекуваат во странство да бидат покриени.

Доста се нагледав како сиромашните и оние кои немаат пари ни умираат по клиники затоа што немаат пари да платат преглед на доктор. Каде ни се изгуби хуманоста и човечноста кај сите нас.

Коментари

Коментари

Related Articles