ДАЈ КАЖЕТЕ КАДЕ СЕ 5.5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ИЗВАДЕНИ ОД ДРЖАВАВА: Јакимоски прашува до каде се доказите за „криминалите“ на власта?!

 Breaking News

ДАЈ КАЖЕТЕ КАДЕ СЕ 5.5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ИЗВАДЕНИ ОД ДРЖАВАВА: Јакимоски прашува до каде се доказите за „криминалите“ на власта?!

September 19
21:43 2016

Една година откако е формирано и по објавувањето на годишниот извештај Специјалното јавно обвинителство нема одговор на фундаменталното прашање за тоа кој прислушувал, со која цел и кој го нарачал и платил истото, изјави денеска претседателот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) Стевчо Јакимовски.

Според Јакимовски, извештајот на СЈО е полн со пари потрошени за семинари, за обуки, потрошени за скапи патувања во странство, и пари потрошени за професори и експерти кои толкувале.

– Госпоѓо специјална, не го замајувајте народот, не ги лажете луѓето, не измислувајте изговори, не ги одолговлекувајте постапките за да земате до пензија 3.000 евра плата, да се возите во скапи автомобили со шофери и обезбедување, небаре сте претседател на Република Македонија. Бидете доблесна и соопштете им ја вистината на граѓаните, излезете и кажете дека нема ништо од наводните 5,5 милијарди евра, дека нема пари дадени од Кинезите, нема мито од Израелците, градоначалникот Жерновски не е тепан и дека Космос е урнат согласно позитивните законски норми во Република Македонија. Нели вие утврдувате факти? Излезете и соочете се со граѓаните, рече Јакимовски.

Лидерот на ГРОМ дополни дека по навршена една година и потрошени четири милиони евра, подвлече, т.н.„Карла Дел Понте“ од Гевгелија не одговорила на основното прашање: Кој прислушувал?.

– Да потсетиме уште еднаш дека оваа творба на „чадорот“ и домашните предавници е конституирана спротивно на Законот за судство, кој патем е двотретински Закон, спротивно на Уставот на Република Македонија и спротивно на вољата на мнозинството граѓани на Република Македонија, вели меѓу другото лидерот на ГРОМ Јакимовски.

Коментари

Коментари

Related Articles