Дали Груевски го изневерија пријателите? Еве што вели тој, најмногу му е криво за тие што премногу им помогнал

 Breaking News

February 02
19:11 2019

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски кој доби политички азил во Унгарија, во интервју за Сител Телевизија изјави дека многу луѓе на кои им помогнал во животот, на крајот се покажало дека не му се пријатели.

Не сакаше да коментира на кого точно мисли, но напомена дека на пријателите што премногу им помогнал, дури и повеќе од што треба, му свртиле грб.

„Мене ми е драго што тие луѓе се малцинство. Оставете нешто и за моите мемоари“, рече Груевски.

Вели дека 90% од луѓето кои ги сметал дека му се пријатели, во оваа ситуација откако избега останале во контакт со него.

Коментари

Коментари

Related Articles