Денеска се слави маченикот кој страдал за Исус: Што не треба да се прави на овој ден?

 Breaking News

Денеска се слави маченикот кој страдал за Исус: Што не треба да се прави на овој ден?

Денеска се слави маченикот кој страдал за Исус: Што не треба да се прави на овој ден?
November 09
07:54 2017

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 октомври.

Денеска е Св. маченик Нестор.

Ова момче живееше во Солун во времето на страдањата на свети Димитриј. Од него и се научи на Христовата вера. 

Во тоа време во Солун имаше некој гладијатор Лиј, миленик на цезарот Максимијан, кој секој ден повикуваше некого на мегдан и откако ќе го победеше во борење, го фрлаше да се надене на исправени копја. 

Сето тоа ги веселеше грубите римски нарави. 

Не можејќи да го гледа тоа повеќе, младиот Нестор го предизвика Лиј и, откако јавно го повика на помош Богот на Димитриј, го победи. 

Лиј заврши врз истите копја на кои секојдневно наденуваше по некого. 

Цезарот многу се разгневи и нареди на Нестор да му ја отсечат главата, а Димитриј да го избодат со копја. 

Свети Нестор пострада, заедно со свети Димитриј, во 306 година.

Преданијата велат дека на овој ден не се отвораат амбари и не се допира кошот со жито, за глувците да не дојдат во допр со него. 

Се верува дека сите оние кои на овој ден ќе се помолат на овој светец ќе добијат исполнување на секоја молитва

Коментари

Коментари

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment