Детали за несреќата на кружната трка во Скопје – тешко повреден организаторот Димушевски

 Breaking News

Детали за несреќата на кружната трка во Скопје – тешко повреден организаторот Димушевски

Детали за несреќата на кружната трка во Скопје – тешко повреден организаторот Димушевски
October 22
21:29 2017

Враќањето на кружните автотрки во Скопје за жал го одбележа сериозен инцидент и тоа во последната трка откако српскиот автомобилист Урош Бркиќ со автомобил Хонда излета од патеката и удри во еден од организаторите на трката, легендата на овој спорт во Македонија, Александар Димушевски, кој се наоѓаше крај самата патека. 

Димушевски се здоби со сериозни повреди… Веднаш реагираа медицинските лица, повредениот со возило на Брза помош беше одведен во болница, а трката е прекината. Традиционално со возењето на „југовци” кружната трка „Скопје 2017″ почна со натпреварот на популарните „југовци“ во Дивизија 1.

 Во конкуренција на 12 возачи, на првите три места се пласираа Филип Василевски, Филип Џуклески и Никола Поповски. Според последните информации повредениот Димушевски се чувствува добро.

Коментари

Коментари

Related Articles