Дипломатите повлечени од Амбасадата на Србија, причина Косово (ФОТО)

 Breaking News

Дипломатите повлечени од Амбасадата на Србија, причина Косово (ФОТО)

Дипломатите повлечени од Амбасадата на Србија, причина Косово (ФОТО)
August 21
10:38 2017

Сите дипломати во Амбасадата на Србија, како што потврдија српски извори, се повлечени вчера кога за тоа македонското Министерство за надворешни работи било известено со дипломатска нота. Амбасадорката Душанка Дивјак-Томиќ и персоналот, како што е наведено, веќе синоќа пристигнале во Белград.

Причината за повлекувањето официјално не се соопштува сè уште ни од македонска ни од српска страна, но, како што дознава „Макфакс“, се поврзува со гласањето за Косово во УНЕСКО и со заканите на српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ дека ќе возврати на евентуална поддршка за Косово од Македонија, па и ќе го преиспита уставното име на земјата. Според извори на „Макфакс“, официјален Белград имал информација дека Македонија ќе биде предлагач за гласањето за влез на Косово во УНЕСКО, поточно да ја предложи таа точка за дневен ред. Сите прозорци во амбасадата се затемнети, а пред неа има зголемено полициско присуство.

Неофицијално, се дознава дека, освен персоналот, се однесени и технички сретства и сите документи од Амбасадата. Амбасадорот Душанка Дивјак-Томиќ за новинската агенција „Бета“ изјавила дека не може да ја коментира причината за повлекувањето и упатила на информации денес во српското МНР.

Целиот персонал на Амбасадата на Србија во Скопје денеска бил повлечен на консултации во Белград. Нота со ваква содржина примило македонското МНР, но во документот не биле наведени причините за повлекувањето на српските дипломати. Од Министерството за надворешни велат дека се обидуваат во комуникација со српските власти да ги дознаат причините за ваквиот чекор.

Според Виенската конвенција, Македонија презема мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на Амбасадата на Србија во Скопје.

Коментари

Коментари

Related Articles