Дискотеките на Закинтос им забранија влез на српските туристи поради убиството

 Breaking News

Дискотеките на Закинтос им забранија влез на српските туристи поради убиството

Дискотеките на Закинтос им забранија влез на српските туристи поради убиството
September 07
08:38 2017

Одредени клубови на грчкиот остров Закинтос им забранија влез на српските туристи по убиството на Американецот Бакари Хендерсон.

„Вечерни новости“ пишува дека клубот „Бар-код“, во кој се случи убиството, два месеца подоцна важи за најбезбеден локал на островот.

Исто така, весникот наведува дека клубот најмногу го посетувале српски туристи.

Очевидци на настанот велат дека причина за тепачката било тоа што девојка што работела во клубот се напила пијалак со Хендерсон.

„Испи пијачка со Американецот, а еден од Србите се изнервира и ѝ рече: „П****, зошто пиеш со црнци?“ Тогаш го удри Американецот, а овој му возврати. Хендерсон скрши шише и беше спремен да се тепа. Кажуваше пцости на англиски јазик и почна да бега, а Србите излегоа по него“, раскажува еден од вработените во клубот.

По убиството на студентот од Остин, Тексас, на 7 јули, беа уапсени девет лица. Од нив двајца се ослободени, петмина се во притвор во Грција, а двајца се бранат од слобода.

Судењето ќе се одвива во градот Партас.

Коментари

Коментари

Related Articles