ДУИ: Немаше доволно аргументи да одбереме помеѓу петте опции, остануваме во преговори

 Breaking News

ДУИ: Немаше доволно аргументи да одбереме помеѓу петте опции, остануваме во преговори

ДУИ: Немаше доволно аргументи да одбереме помеѓу петте опции, остануваме во преговори
January 29
22:47 2017

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи рече дека по исцрпувачка дебата на која учествувало партиското раководство и новоизбраните пратеници, едногласно било одлучено дека дебатата не е исцрпена и дека ДУИ не донела одлука за било која од петте опции.

– Немаше аргументи да одбереме, односно да преферираме која и да е од петте опции. Наредните денови ќе продололжиме – рече Османи.

Истакна дека договорот со албанските партии од декември 2016 е договор кој што ДУИ мора да го почитува, таканарелениот „Албански проглас“

Не негираше дека уште е на маса коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето, како е се уште во опција коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски до полноќ мора да го врати мандатот за состав на нова влада, Османи рече дека им остава на новинарите сами да ја интерпетираат неговата изјава.
Османи нагласи дека од утре ДУИ продолжува да води разговори со политичките партии.

Коментари

Коментари

Related Articles